КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

И предолгото спиење е штетно за здравјето

Сите знаеме дека несоницата и недостатокот на сон можат да предизвикаат неколку негативни ефекти – но малкумина знаат дека и преголемото количество на сон може, исто така, да предизвика проблеми.

Сите знаеме дека несоницата и недостатокот на сон можат да предизвикаат неколку негативни ефекти – но малкумина знаат дека и преголемото количество на сон може, исто така, да предизвика проблеми. Се смета дека спиењето е многу здрава активност која е витална за човечкото тело. Но, како и другите работи во животот, ако не е умерено, тогаш се вбројува помеѓу ризиците по вашето здравје.

Дијабетес

Истражувањата потврдиле дека премногу или премалку сон ја зголемуваат можноста од појава на дијабетес.

Прекумерно дебелеење

Неумереноста во спиењето може да остави последици и на вашето тело. Дури и ако се храните здраво и ако вежбате, предолгото спиење може да доведе до дебелеење. Голем број на истражувања покажуваат дека оние кои спијат 9 или 10 часа во текот на ноќта имаат 20 пати поголеми шанси во период од 6 години премногу да се здебелат, отколку оние кои спијат по 7-8 часа.

Главоболка

Ако сте склони кон главоболки, предолгото спиење може да биде причинител за поинтензивни главоболки. На пример, доколку за време на викендот спиете подолго од вообичаеното голема е веројатноста веднаш да почувствувате болки во главата.

Болки во грбот

Болките во грбот може да не се јават како директна последица од спиењето, туку како последица на предолгото лежење во кревет. На вашиот грб му е потребна физичка активност во текот на денот и седењето во една положба подолг временски период може да се манифестира со непријатност и болки.

Депресија

Иако предолгото спиење може да се јави како резултат од депресијата, и депресијата може да биде предизвикана од спиењето, исто така. Ова е еден круг: ако сте депресивни тогаш спиете подолго, а постојаното спиење единствено може да ја зголеми вашата депресија. Навиката за умерено спиење е прв чекор во третирањето на ваквите промени во расположението.

Срцеви заболувања

Неколку истражувања во кои биле вклучени речиси 72000 жени, покажале дека оние жени кои спијат од 9 до 11 часа во текот на ноќта имаат за 38% поголеми шанси од срцеви заболувања отколку оние жени кои во просек спијат по 8 часа. Причините за ова сеуште не се познати, меѓутоа според некои научници постои многу јасна поврзаност помеѓу двете работи.