КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Не е инсомнија - Вашите емоции ве држат будни

Инсомнијата е медицинска состојба, нарушување на сонот кое прави луѓето да спијат лошо или многу малку. Но не се сите проблеми со спиењето поврзани со инсомнијата. Всушност, повеќето од нив се предизвикани од ништо друго освен од вашите емоции. Дали сакате да знаете кои емоции се криви за вашиот недостаток од сон? И дури и во кој дел од ноќта?

Помеѓу 21 и 23 часот

Рано си легнувате? Тоа е добро за вас бидејќи ви овозможува доста време за да го одморите телото и умот многу пред да станете следното утро. Но дали често станувате помеѓу 21 и 23 часот?  Можеби вие едноставно не можете да заспиете толку рано дури и ако се обидувате?

Стрес

Да, стресот е најверојатната причина за вашите потешкотии со спиењето за за време на раниот дел од ноќта. Вашиот ум е се уште зафатен со размислување за сите работи за кои треба да се погрижите,  и ова ве држи буден.

Што да направите?

За да му помогнете на умот да се ослободи од тоа одвратно чувство на стрес, вие би требало да не да го стимулирате умот барем еден час пред да одите во кревет. Најчест стимул навечер овие денови се екраните: компјутери, мобилни телефони, таблети итн. Исто така, можете да се обидете да се опуштите преку медитација, јога или други техники за опуштање.

Помеѓу 23 и 1 часот наутро

Многумина едноставно не можат да легнат порано,  па затоа остануваат будни се до 23 часот или подоцна. Дали сте вие еден од нив? Или дали заминувате на спиење порано но често се будите за време на овој период? Една релативно едноставна емоција ви предизвика проблеми и се вика ....

Разочарување

Ако будењето порано во ноќта е предизвикано од грижа за иднината, тогаш будењето во периодот помеѓу 23 часот и 1 часот наутро е најчесто предизвикано од грижа за случувања од минатото -  работите кои веќе се случиле и не испаднале сосема онака како што сте посакувале. Вашето разочарување ве држи будни!

Што можете да направите?

Ако сте разочарани од себе си и од своите одлуки обидете се да прифатите дека едноставно сте само човек. Сите човечки битија понекогаш прават грешки. Ако сте разочарани во некој друг тогаш кривењето нив во вашите мисли нема да ве одведе никаде бидејќи нема да го промени тоа што го направиле и ве разочарале. Но вие се уште можете да го промените вашето гледиште...

Помеѓу 1 и 3 часот наутро

Вие заспивате како бебе, но неколку часови подоцна – бум! Ги отворате вашите очи и едноставно долго време не можете да заспиете повторно.  Која емоција ве држи буден помеѓу 1 и 3 часот наутро?

Бес

Една од најсилните емоции, бесот, е тоа што најверојатно ве спречувада спиете мирно за време на овој дел од ноќта. Вие само си ги прикажувате одново работите кои ве направиле да се налутите во вашиот ум наново и наново.

Што можете да направите?

Како што спомнавме претходно бесот е навистина силна емоција, па затоа е понекогаш тешка да се контролира. Но вие би требало да знаете дека бесот не решава ништо.  Да реагирате во врска со работите кои ве лутат ги решава работите, но периодот среде ноќ едноставно не е вистинското време за да се делува. Пуштете го, причекајте до наутро и потоа работете на вашиот бес.

Помеѓу 3 и 5 часот наутро

Последните неколку часови од ноќта се важни за добивањето на добро познатиот сон кој ве прави поубави и прави да се чувствувате окрепено наутро. Дали често се будите помеѓу 3 и 5 часот наутро – неколку часови всушност пред да треба да се пробудите?  Дали знаете што ве држи будни тогаш?

Тага

За жал, емоцијата која ве држи будни за време на овој период од ноќта е најверојано емоцијата со која е најтешко да се справите – тагата. Понекогаш се случуваат лоши работи и вие навистина не можете да направите ништо за да спречите да се чувствувате тажно.  Но вие можете да направите нешто за да спречите тагата да ве држи будни...

Што можете да направите?

Да го преокупирате умот со нешто друго можеби ќе ја растера тагата на кратко, со што ќе ви даде можност да имате малку мирен сон. Понекогаш нешто едноставно како чаша со топло млеко е доволноз а да ве утеши и да ви ги олесни мислите малку.