- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Најголем дел од нас веднаш помислуваат на рестриктивни и исцрпувачки диети и тешки вежби, но постои една многу важна област која бара промени, а речиси сите ја занемаруваат – спиењето.
Кога ќе одлучите да ја намалите телесната тежина, вообичаено тоа бара трајна промена на целиот животен стил.
Најголем дел од нас веднаш помислуваат на рестриктивни и исцрпувачки диети и тешки вежби, но постои една многу важна област која бара промени, а речиси сите ја занемаруваат – спиењето. Последните медицински истражување укажуваат на тоа дека за најбрзо да ја намалите телесната тежина, но и за да го подобрите општото здравје, ќе мора да се откажете од навиката да го жртвувате сонот во име на завршување на обврските. Скусувањето на времето за спиење неминовно води кон зголемување на апетитот, покачување на нивото на стрес и хроничен замор, што дефинитивно ќе Ве оневозможи да внимавате што јадете, а и многу полесно ќе заборавите на попладневното трчање или пешачње. Научниците препорачуваат да си направите план за спиење и да се држите до него колку што можете поточно, за полесно да го намалите стресот и да си го подигнете нивото на енергија. Кога имате поставено време за будење, си овозможувате доволно простор за подготовка пред да тргнете во завршување на дневните обврски.
Потоа, од терминот одреден за будење бројте наназад, онолку часа колку што Вам Ви се потребни. Околу овие времиња најлесно ќе создадете рутина за легнување, која може да вклучува опуштање, читање книга или пак дури и подготовка на ручек или гардероба за следниот ден.