- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Чувството на надуеност не е единствениот проблем после празниците. Тука е и преголемиот замор, болката во стомакот и главоболката, депресијата и многу други непријатни работи поради кои сакате постојано да спиете. Секако дека може да го направите тоа, но следниот 8 дневен план за исхрана можеби е подобра идеја...
Чувството на надуеност не е единствениот проблем после празниците. Тука е и преголемиот замор, болката во стомакот и главоболката, депресијата и многу други непријатни работи поради кои сакате постојано да спиете. Секако дека може да го направите тоа, но следниот 8 дневен план за исхрана можеби е подобра идеја...
Секој почеток е тежок и започнувањето на здрав начин на исхрана после празниците не е ништо поразличен – токму затоа вашата детоксикација во јануари треба да ја започнете полека, без големи шокови. За почеток, вклучете прошетка која ќе трае 60-90 минути, а која ќе му помогне на вашето тело да добие кислород и ќе им ја вратите енергијата на вашите мускули.
Започнете го вториот ден од вашата јануарска детоксикација (и продолжете до 8от ден) и не заборавајте дека вие повеќе не пиете алкохол. Ниту една голтка вино, ниту пак чаша пиво кога ќе се сретнете со пријателите или пак една текила за да го прославите роденденот на вашиот најдобар пријател. Наутро и навечер треба да пиете само вода наместо чај, а така ќе добиете други придобивки – ќе се ослободите од токсините.
Оние лоши работи кои ги јадете во текот на празниците можеби одамна се преработени, но последиците се очигледни и можат да се забележат на вашето тело; постојан умор, дополнителни килограми и постојаното чувство на мала вртоглавица. Денот број 3 и само тој ден нека биде ден кога ќе јадете само овошје и зеленчук кој не содржи скроб. Така е – без месо, леб, компири, само здрава храна со малку калории.
Денот број 3 ќе ве предизвика вас и вашата мотивација, па затоа четвртиот ден е совршен за мала награда – нова исхрана која се состои од 3-4 оброци кои вие ги сакате. Но има еден трик – секој од овие оброци треба да содржи само една состојка, парче месо, неколку парчиња леб или една чинија тестенини ( никако не мешајте парче месо со компири, или неколку парчиња леб со шунка и кашкавал или пак тестенини со болоњезе сос)
Петтиот ден продолжете со исхраната врз основа на една состојка, но исто така додадете и физичка активност. Не барајте изговори – половина од планот веќе помина и сега е време за поголема промена. Заменете ја вашата прошетка (која ја започнавте првиот ден) со напорна физичка активност по ваш избор која ќе трае 60 минути. Акцентот ставете го на напорна бидејќи доколку бришете прашина цели 60 минути нема ништо да постигнете.
Шестиот ден од вашиот план е ден за јаболко, што значи дека цел ден ќе јадете само јаболка (и секако ќе се придржувате до вашата рутина за пиење и вежбање). Јаболкото помага при детоксикација. Тие содржат многу хранливи состојки, витамини, влакна и антиоксиданти кои се многу ефикасни и помагаат при ослободување од токсините кои се наталожиле во вашиот организам.
Многу нутриционисти ги препорачуваат јаболката кои ќе ви помогнат при детоксикација на организмот во последните два дена, па затоа ќе мора да издржите уште еден ден со ова жолто- зелено – или црвено задоволство. Дали ви спомнавме дека јаболката го намалуваат холестеролот? Или дека позитивно можат да влијаат врз кожата? Седмиот ден и не е така лош нели?
Најпрво, вклучете го компјутерот и пуштете победничка музика – успеавте! Осмиот ден е последниот ден од вашата јануарска детоксикација. До сега треба да се чувствувате многу подобро и како дополнителен доказ за вашата упорност може да застанете на вагата и да проверите колку килограми сте изгубиле и колку поздраво изгледа вашата кожа. Сега можете малку да се опуштите, но не целосно и немојте да започнете повторно со лошите навики. Овој осум дневен план за исхрана нека биде првиот чекор кон новиот почеток.