КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Каде најчесто се кријат бацилите?

Во текот на денот доаѓаме во контакт со милиони бацили. Иако најголем дел од нив се безопасни, постојат одредени бацили (пр. салмонела и ешерихија коли) кои можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми.

Во текот на денот доаѓаме во контакт со милиони бацили. Иако најголем дел од нив се безопасни, постојат одредени бацили (пр. салмонела и ешерихија коли) кои можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми. Затоа, често мијте ги рацете и посветете особено внимание на местата каде што најчесто се кријат бацилите.

1. Четка за заби

Бацилите најлесно се размножуваат во влажна средина, како што е вашата четка за заби. Згора на тоа, истражувањата покажаа дека тоалетите испуштаат фекални бактерии во воздухот секогаш кога ќе пуштите вода, па така, големи се шансите дека во четката за заби имате милиони микроби. Менувајте ја четката за заби на секои 3 месеци, затварајте го капакот од шолјата кога пуштате вода и ако сакате да бидете потполно сигурни, купете уред за УВ стерилизација на четките за заби.

2. Накит

Постои добра причина зошто докторите и сестрите мора да го извадат целиот накит кога влегуваат во операциона сала. Луѓето кои носат прстени, имаат многу повеќе бацили на рацете, дури и откако темелно ќе ги измијат рацете. Ситните процепи и прекрасни детали на омилените парчиња накит можат да кријат илјадници бацили. Исклучок од ова правило е среброто, кое е антимикробен материјал, па така накитот од сребро е релативно безбеден.

3. Душеци за вежбање

Колку пати сте виделе некој да ги чисти душеците за вежбање во теретаните, кои во текот на целиот ден се во контакт со испотени делови од телото на десетици клиенти, а особено со нивните стапала? Бактериите отпорни на антибиотици можат да се задржат во ваквите душеци и да се пренесат на секој следен вежбач што ќе дојде во контакт со нив.

4. Перници

Ја перете постелнината редовно, но кога последен пат сте ја испрале перницата? Перниците содржат мувлија, бактерии и прашински грини, кои предизвикуваат алергии. Перниците се еден од најголемите извори на инфекции во болниците. Ако не сакате да ја перете перницата секоја недела, решението е едноставно – купете си перница со антибактериска заштита.

5. Биро

Во едно истражување беше откриено дека на бироата има повеќе бактерии отколку на капакот од јавните тоалети. Работниците ги допираат, јадат врз нив, киваат и сл. Хигиеничарите не ги чистат кога поминуваат низ канцелариите, бидејќи се сметаат за личен простор. Затоа, мора сами да го чистите своето биро, ако не сакате да се разболите.

6. Копчиња на јавни места

Размислете само колку луѓе ги допреле копчињата на банкоматот, влезот на паркингот, автобусот, лифтот? Ако не сите, барем дел од нив врз себе ќе имаат опасни бактерии. Затоа, пред да правите што било по допирањето на овие копчиња, добро измијте ги рацете.

7. Кујнски сунѓерчиња

Топлата и влажна внатрешност од кујнските сунѓерчиња е оптимална средина за размножување, раст и развој на бактериите. Понекогаш, кога мислите дека ги миете садовите, всушност само ги ширите бактериите. Но, постои едноставно решение: ставајте го вашето сунѓерче во микробранова печка 2 минути дневно за да ги убиете бактериите во него. Исто така, менувајте го сунѓерчето на секои 2 недели.