КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Како да ја победите несоницата

Спиењето е еден од најважните процеси во животот. Колку успешно се справуваме со обврските во текот на денот директно зависи од квалитетот на спиењето.

Спиењето е еден од најважните процеси во животот. Колку успешно се справуваме со обврските во текот на денот директно зависи од квалитетот на спиењето.

Сте имале ли некогаш проблеми со концентрацијата затоа што цела ноќ сте се превртувале во постелата? Еве неколку совети што ќе Ви помогнат да ја победите несоницата. За нормално функционирање, на нашите тела им е потребен одмор. Доколку не спиете доволно, многу бргу ефектите ќе станат забележливи. Ако не го надополните загубениот сон и спиете по 2 часа помалку одошто треба, цела недела, на Вашето тело „му должите“ повеќе од цела ноќ спиење. Дали препознавате некој од следниве симптоми?  

  • Проблеми со меморијата и концентрацијата,
  • Пад на продуктивноста на работното место,
  • Зголемена иритација,
  • Напади на поспаност,
  • Утрински главоболки,
  • Лошо расположение,
  • Трапавост.

Ако страдате од овие проблеми, веројатно сте еден од луѓето што им должат на своите тела многу спиење, а тоа на долги патеки може да предизвика тешки последици.

Како да спиете подобро:

1. Внимавајте што јадете пред спиење. Неколку часа пред да си легнете, избегнувајте стимулирачки оброци и пијалаци. Исто толку лошо е и да си легнете гладни, затоа што празниот желудник може да Ве држи будни цела ноќ. Препорачливо е да јадете вечера, најмалку два часа пред легнување. 2. Пред да си легнете, напијте се чаша топол растителен чај за да го смирите мозокот и да ги повикате сништата. 3. Обидете се со медитација или старата, добра техника на броење овци. Едноставните вежби за дишење исто така можат да придонесат за добар сон. Вдишувајте низ носот три секунди и потоа издишувајте три секунди. Потоа направете пауза и започнете одново. Повторете ја вежбата неколку пати. 4. Се препорачува редовно вежбање, а куса прошетка пред спиење исто така може да помогне. По вежбањето, опуштете се со топла бања којашто ќе Ви помогне да заспиете. 5. Доколку имате премногу грижи, на кои не можете да престанете да мислите навечер, запишете ги во тетратка или дневник. 6. Пуштете тивка музика или оставете го радиото вклучено. Исто така можете да си пуштите и CD со звуци за опуштање, како што се звуците на океанот, птици или штурци.

7. Обидете се со алтернативна медицина. Есенцијалните масла значително придонесуваат за физичкото и менталното здравје. Студиите покажаа дека најефикасни есенцијални масла се: лаванда, камилица, сандалово дрво и мандарин. 8. Обидете се со акупунктура или научете акупресура и сами правете си третмани.