КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Како да ја победите зависноста од шеќер

Шеќерот ги активира рецепторите за опојни средства во мозокот на ист начин како што тоа го прават нелегалните или медицинските средства. Кога овие рецептори во мозокот се стимулирани, болката поминува како да сте се напиле аналгетик.

Шеќерот ги активира рецепторите за опојни средства во мозокот на ист начин како што тоа го прават нелегалните или медицинските средства. Кога овие рецептори во мозокот се стимулирани, болката поминува како да сте се напиле аналгетик.

Исто така, кога консумираме шеќер, тој поттикнува лачење на инсулин од панкреасот.

Инсулинот е потребен за молекулите на шеќерот во крвта да се претворат во клетки кои ќе се користат за енергија. Ако во текот на денот континуирано консумирате шеќер, тој ќе ги умртви клетките и тие веќе нема да го апсорбираат. Дополнително, преголемото количество на шеќер може да го преоптовари панкреасот и да причини да се намали количината на ослободениот инсулин.

Кога нивото на шеќер во крвта е високо, тоа ги уништува крвните садови, нервите и ткивото на жлездите, но и го потпомага складирањето на масни наслаги што води до дебелеење. Шеќерот е кисела средина во која размножувањето на бактериите е многу поедноставно, што води до почести инфекции. Тој, исто така, го намалува имунитетот и ги активира центрите за наградување во мозокот поради што се чувствувате убаво и секогаш внесувате шеќер за да се наградите себеси.

Симптоми на криза

Доколку во моментот ви се јаде благо но тоа не ви е достапно, можно е да се појават симптоми на криза како што се главоболки, депресија, вознемиреност, лутина, бессоница и болки во мускулите и коските. Зависниците од шеќер често добиваат напади за благо и во таквите ситуации истото неконтролирано го консумираат.

Како да ја победите зависноста од шеќер

За да ги избегнете симптомите на криза, количината на шеќер која ја внесувате во организмот во текот на денот треба постепено да ја намалувате. Треба да признаете дека сте зависни од шеќер и треба да бидете свесни дека тоа е штетно за вашето здравје. Благите можете да ги замените со овошје – ова ќе ја задоволи вашата потреба за благо и истовремено претставува поздрав избор. Во чајот и кафето можете да користите вештачки засладувачи кои го имаат истиот ефект како шеќерот но без калориите и дебелеењето.

Стевија е растение кое е неколку пати поблаго од шеќерот, нискокалорично, не е кисела средина и не го зголемува нивото на шеќер во крвта. Преминете на диетални пијалоци без шеќер како што е водата и спортските напитоци. Избегнувајте бел леб, чипсови и скроб бидејќи тие ја зголемуваат потребата за благо.

За да ги ублажите или одбегнете симптомите на криза поради намалувањето на внесот на шеќер во организмот, постојат неколку тревки и растенија кои можете да ги користите. Тие имаат релаксирачки ефект на телото и помагаат во олеснување на симптомите на вознемиреност, лошо расположение, несоница и нервоза. Обидете се со валеријанов корен, камилица, кантарион и пасифлора. Сепак, овие тревки можат да создадат алергии кај почувствителните луѓе, па затоа најдобро е пред да почнете со нивна употреба да се консултирате со лекар.  

Прочитајте ги етикетите на храната која ја купувате за да ја проверите количината на шеќер која истата ја содржи.

Одлучете се за храна која има малку или воопшто нема шеќер. Исто така, кога ќе ви се јави потреба од шеќер не заборавајте на некои работи кои ќе ви ги одвлечат мислите како што се масажата, маникирот, топлата купка и други активности кои ви претставуваат задоволство.

Тоа што треба да го знаете е дека справувањето со зависноста од шеќер може да биде исто толку тешко како што е справувањето со било која друга зависност. Потребно е време и трпение и позитивниот резултат е неизбежен.