- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Оваа состојба се нарекува условена возбуда. Експертите објаснуваат дека е чест проблем со спиењето кој се појавува поради тоа што мозокот е под влијание на надворешни фактори и по грешка верува дека е време за будење.
Има многу фактори кои можат да го го спречат умот да заплови во земјата на соништата. Можеби е проблем на работа, светлината во собата, температурата во собата или душекот на кој спиете.
Исто толку важно, ако мозокот не го поврзува креветот само со спиење, туку и со активности како работење на лаптоп, телефон или гледање серии, голема е веројатноста дека тој ќе почне да го доживува креветот како место за активности.
Можеби имае проблеми да заспиете поради неодамнешен стресен настан. На пример, губење на работата или смрт на некој близок. Ако грижите ви доаѓаат на ум уште пред да си легнете, мозокот го поврзува креветот со будењето во иднината.
Главниот дел од третманот е да го чувате креветот само за спиење. Треба да му покажете на мозокот кој дел од домот за што служи. Ако работите на лаптопот додека лежите во кревет, вашиот мозок ќе почне да го поврзува креветот со работата и пребарувањето по социјални мрежи.
Исто така, не останувајте во кревет подолго од 20 минути откако ќе се разбудите. Станете и правете нешто додека повторно не дојде ред за спиење.
Пробајте ги овие работи и брзо ќе ја забележите разликата.