КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Како да го одржувате својот душек

Поминуваме приближно една третина од животот во спиење, па зошто да не го направиме тој период колку што е можно поудобен и почист? Со само неколку едноставни чекори, вашиот душек ќе биде свеж и пријатен за спиење многу подолго време.

Поминуваме приближно една третина од животот во спиење, па зошто да не го направиме тој период колку што е можно поудобен и почист? Со само неколку едноставни чекори, вашиот душек ќе биде свеж и пријатен за спиење многу подолго време.

Проветрувајте го

Секогаш кога тоа е возможно, изнесете го душекот надвор, на малку воздух. Можете дури и само да отворите прозорец, да ги тргнете пердињата и да дозволите да го фати малку сонце. Ова помага при отстранување на непријатните миризби, а сончевата светлина служи како природна дезинфекција.

Тргнете ја постелнината

Дури и ако не можете го изнесете душекот, барем проветрувајте го секој ден со тргање на постелнината од креветот. Ова помага да се спречи акумулацијата на влага, што пак може да резултира со настанување на мувла, непријатни миризби и наезди од инсекти.

Освежете го

Во текот на следното, редовно менување на постелнината, тргнете ги чаршафите од душекот, вклучувајќи ја и пресвлеката и наросете малку сода бикарбона врз душекот. Оставете ја да отстои неколку часа и потоа добро исчистете со правосмукалка. Исто како и во фрижидерот, оваа супстанца делува како магнет за непријатните мириси.

Ротирајте го

Ротирајте го својот душек на секои шест до осум недели, за да го продолжите животниот век и да ја зголемите удобноста. Прво ротирајте ги деловите кај главата и нозете, а потоа и превртувајте го, трудејќи се да ги покриете сите насоки.

Загрејте го

Кога ја перете постелнината, искористете колку што е можно пожешка вода за перење, за да ги убиете прашинските грини и сите други микро инсекти и инсекти кои би можеле да се најдат во вашата постела.

Исчистете

Понекогаш се случуваат несреќи, но секогаш кога ќе истурите пијалак или пак вашиот миленик ќе остави трага врз душекот, веднаш мора да се погрижите за нередот. Првиот чекор е да соберете колку што можете повеќе од влагата со сува крпа. Најтешката личност во вашиот дом веднаш треба да застане врз крпата, притискајќи го душекот, за крпата да впие најголем дел од течноста, дури и од внатрешноста на душекот. Откако ќе се справите со течноста, наросете сода бикарбона, за да се справите и со мирисот што би можел да настане.