- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Перницата е подеднакво важна за добриот сон колку и душекот на кој спиете, бидејќи таа може да значи разлика помеѓу добар одмор и болки при будењето. Прочитајте на што треба да посветите внимание при изборот на совршена перница за Вас.
Перницата е подеднакво важна за добриот сон колку и душекот на кој спиете, бидејќи таа може да значи разлика помеѓу добар одмор и болки при будењето. Прочитајте на што треба да посветите внимание при изборот на совршена перница за Вас.
-Луѓето кои спијат на грб треба да побараат перница од мемори пена, којашто се приспособува на кривата од вратот и обезбедува постојана потпора. Ставањето перница помеѓу колената може да Ви помогне со болките во половината. -Луѓето кои спијат на страна, исто така можат да имаат корист од вметнувањето перница помеѓу колената, затоа што на тој начин совршено се подредува ’рбетот. За главата, барајте средно тврда перница која има повисока потпора за вратот. -Ако спиете на стомак, тоа значи дека треба да работите на менување на положбата, затоа што овој начин на спиење воопшто не е здрав. Од него можат да произлезат потенцијални проблеми со половината, вратот и ’рбетот.
-Според истражувањата, за 35 до 80 проценти од луѓето кои страдаат од болки во вратот, најсоодветни се перниците од мемори пена. Според истражувањата напревени при крајот на деведесеттите години од минатиот век, спиењето на мемори пена може значително да ги намали или сосема да ги излечи хроничните болки во вратот. -Доколку страдате од алергии или астма, тогаш одберете перница од синтетички влакна. За оваа група луѓе не се препорачуваат перници полнети со пердуви или памук, бидејќи во нив можат да се кријат бројни алергенси, вклучително и: полен, мртви кожни клетки од миленичињата и прашински грини. -Луѓето што ’рчат треба да си набават перница специјално дизајнирана за оваа состојба, т.е. перница што обезбедува соодветна потпора за главата, во положба која ги држи дишните патишта отворени и го намалува ’рчењето.
-Најголем дел од жените во текот на бременоста чувствуваат болки во грбот, особено во осмиот и деветтиот месец. Затоа, лекарите препорачуваат тие да спијат на страна, со една или две перници под главата, една перница која ќе го подигнува стомакот од креветот и ќе го намали притисокот од лигаментите и една перница помеѓу колената, за правилно позиционирање на ’рбетот.