- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Утро поминато без ниту едно притискање на копчето „снуз“ – ова ви се чини невозможно, нели? Можеби ви се чини дека токму ова копче ви го олеснува будењето, но пролонгирањето на неизбежното дополнително го отежнува станувањето од постелата, а истовремено губите драгоцено време што можете да го потрошите на нешто поважно.
Утро поминато без ниту едно притискање на копчето „снуз“ – ова ви се чини невозможно, нели? Можеби ви се чини дека токму ова копче ви го олеснува будењето, но пролонгирањето на неизбежното дополнително го отежнува станувањето од постелата, а истовремено губите драгоцено време што можете да го потрошите на нешто поважно. Време е да ја прекинете врската со ова копче!
Ако се разбудите со звук што ве иритира, утрото секако нема да ви биде пријатно. Затоа, време е да купите будилник што ќе ве разбуди со светлина. На тој начин будењето ќе биде помалку стресно, а и светлото ќе биде многу потешко за игнорирање отколку звукот. Исто така, постојат светлосни будилници што симулираат изгрејсонце, а будењето на изгрејсонце е многу полесно за вашето тело и за психата. Светлото гарантира дека телото природно ќе се разбуди, па така нема да паднете во искушение да го исклучите алармот.
Ако сте љубител на кафе, тогаш знаете дека ништо не може да ве намами да станете од постелата како мирисот на тукушто сварено кафе. За да можете да имате готово кафе пред будење, можете да го замолите партнерот да стане пред вас и да ви свари кафе или пак да купите апарат за кафе со тајмер, којшто можете да го подесите на 5 минути пред времето одредено за будење.
Една од најефективните техники за избегнување на копчето „снуз“ е поставување на будилникот подалеку од креветот. На тој начин ќе мора да станете и да се размрдате за да го исклучите, освен ако можете да спиете со иритирачкиот звук.
Ако имате големи потешкотии при будењето, тогаш можеби најдобро решение за вас би било ако поставите втор будилник на тешко достапно место. Ако вториот аларм е мобилен телефон, можете да го подесите на вибрации и да го ставите на површина што дополнително ќе го засили звукот, но подалеку од вас.
Ако сте љубител на домашни миленици и чувате куче, тоа е одлично, бидејќи кучето ќе ви помогне да се отарасите од навиката да го притискате копчето „снуз“. Започнете да го храните кучето непосредно по будењето. Тоа ќе се навикне и потоа ќе бара да го нахраните секој ден во приближно истото време. А ако некогаш се успиете, тоа ќе дојде да ве разбуди, на најубавиот можен начин.
Едноставно – залепете го копчето „снуз“ на вашиот будилник со супер лепак. Само внимавајте да не го оштетите во процесот.