КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Како да престанете да ’рчите?

Според истражувањата, една четвртина од целото население на Земјата ’рчи. Веќе не се бараат причините поради кои луѓето ’рчат, туку потенцијални решенија, како да се спречи ваквата состојба. Постојат неколку потенцијални решенија...

Според истражувањата, една четвртина од целото население на Земјата ’рчи. Веќе не се бараат причините поради кои луѓето ’рчат, туку потенцијални решенија, како да се спречи ваквата состојба што ги иритира сите наоколу, додека личноста спие. Постојат неколку потенцијални решенија...

Причините зошто луѓето ’рчат се многу едноставни. Се работи за блокирање на дишните патишта. Ова може да се случи поради претерано опуштање на мускулите во грлото и јазикот, а кај оние кои не ’рчат редовно, може да се случи кога пред заспивањето во себе сте внеле поголема количина алкохол или одредени видови медикаменти.

Најчесто, од хронично ’рчење патат луѓето чија усна празнина има поголемо меко ткиво во задниот дел, затоа што тоа ги блокира дишните патишта. Посклони кон ’рчење обично се луѓето со зголемена телесна тежина и подебели вратови.

Како да се спречи ’рчењето?

Наједноставното нешто што можете да го сторите е да поставите неколку перници под главата, да ја подигнете и на тој начин да ги спречите блокадите. Користете потврди или пак анатомски перници и избегнувајте го спиењето на грб (во таа положба и гравитацијата придонесува за блокирање на дишните патишта). Ноздрите секогаш нека ви бидат добро прочистени.

Обидете се да ја намалите телесната тежина. Потенцијално, ова може многу да ви помогне со справувањето со ’рчењето.

Избегнувајте обилни и тешки оброци неколку часа пред спиење, а обидете се да стоите и настрана од алкохолот во вечерните часови.

Купете си апарат за навлажнување на воздухот во просторијата во која што спиете. Сувиот воздух значително го потпомогнува ’рчењето, а навлажнетиот воздух ќе помогне за прочистување на грлото.

Оставете ги цигарите. Тие го сушат вашето грло, со што тоа станува позатегнато и добивате поголеми вибрации при дишењето во текот на спиењето. Постои и операција против ’рчење

Доколку никој од потполно безбедните и едноставни чекори не ви помогнат да се ослободите од незгодниот проблем, тогаш постои и операција со која што истиот ќе се елиминира. Истата е прилично едноставна и со минимални ризици. Просто се отстранува дел од мекото ткиво што е суштината на проблемот. И потоа сите околу вас ќе можат конечно да се наспијат.