- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Родителството е прекрасна работа – којa силно влијае на Вашиот сон. Веројатно сонувате за опуштање и релаксирање барем на неколку часа, за малку мир и полнење на батериите, но никако да ви се случи?
Како да се наспиете кога ја извршувате најтешката работа на светот? Родителството е прекрасна работа – која силно влијае на Вашиот сон. Веројатно сонувате за опуштање и релаксирање барем на неколку часа, за малку мир и полнење на батериите, но никако да Ви се случи?
Еве неколку совети како да спиете квалитетно, да се одморите и да имате повеќе енергија - како за своето дете, така и за себе. 1. Контролирајте го внесувањето на храна и пијалоци – кажете им крај на стимулансите. Кафето може да ве одржи будни и во попладневните часови, но кофеинот може да ви го наруши процесот на заспивање навечер. Покрај ова, може да предизвика и повремени будења кои ќе го намалат квалитетот на Вашиот сон. Алкохолот исто така влијае на природниот ритам на спиење. Дури и доколку спиете долго, веројатно наутро ќе бидете помалку одморени. 2. Препознајте ги знаците за потреба од сон. Внимавајте на знаците кои откриваат дека Вашето тело „плаче” за спиење:
3. Направете распоред на спиење за целото семејство. Воведете нови навики за целото семејство:
4. Практикувајте попладневен одмор. Прво правило на попладневното дремнување: избегнувајте да го практикувате доцна попладне или навечер. Доколку дремнете доцна попладне, тоа нема да ве освежи, туку ќе Ви го отежне сонот за време на ноќта. Кога сте премногу заморени, замолете го партнерот да се погрижи за детето се одморите. Секако, направете го истото и Вие за Вашиот партнер или партнерка. 5. Ослободете го дневниот биоритам. Слушајте го своето тело и дознајте во кој период од денот имате најмалку енергија. Распоредете ги обврските во текот на целиот ден, особено кога имате најмногу енергија. Оној период од денот кога имате најмалку енергија резервирајте го за одмор. Доколку веќе не можете да дремнете, работете нешто што нема да ве замори, или нешто што ќе ве наполни со енергија – на пример играјте си со своите деца. 6. Навратете се во детството. Присетете се на своето детство. Дали секое утро ве чекаше обилен појадок, па потоа си игравте со пријателите, трчавте, се качувавте по дрва и слушавте приказни пред спиење. Тогаш не сте имале проблеми со спиењето зарем не?
7. Кога имате само неколку часа за спиење Немојте да пиете кафе или некаков друг вид стимуланс барем три часа пред спиење. Подобро да се занимавате со некоја активност, сеедно дали се работи за психичка или пак физичка. Со тоа подоцна, нема да имате никаков проблем со спиењето.