- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
За брзо да заспиете по легнувањето во вашиот кревет, неопходно е да се опуштите. Ако во главата ви се врткаат мисли и грижи, доколку сте напнаати или под стрес, можно е да се превртувате во постелата цела ноќ и воопшто да не се одморите. Прочитајте што можете да сторите за да избегнете ваква ситуација.

Создадете си рутина за завршување на денот, за кога ќе се разбудите следното утро, да имате помалку обврски. На тој начин ќе имате помалку обврски и ќе се чувствувате поенергично. Истуширајте се, извадете ја облеката што ќе ја носите следниот ден, спакувајте си го ручекот, ставете ги клучевите крај вратата, поставете ја масата за појадок... сè што ќе ве смири.
Многу е лошо кога ќе се зафатите со нешто безначајно и одеднаш ќе сфатите дека е полноќ. Наместете го алармот на телефонот како потсетник на еден час пред времето за легнување, за да имате доволно време да се опуштите. На тој начин, секоја вечер ќе си легнувате на време. А, легнувањето во исто време секоја вечер ќе создаде телесен ритам што ќе ви овозможи многу полесно да заспиете и да се будите одморени.
Исклучете го лаптопот и престанете да зјапате во смартфонот. Светлото од овие уреди го намалува излачувањето на мелатонин, хормонот кој ве прави поспани. Наместо тоа, читајте книга или посветете му се на партнерот. Паровите кои имаат најмногу физички контакт, најчесто имаат најниско ниво на стрес хормонот кортисол, кој го отежнува спиењето.