- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Иако можеби во моментов немате напнатост на вратот, сепак треба да размислите за начини како да спречите тоа да се случи. Еве неколку совети:
Додека спиете, вашето тело треба да лежи рамно, за да не се истега премногу ниту вратот ниту рамената и непотребно да се оптоварат. Ако спиете на грб или стомак, обидете се со пониска перница. Ако спиете на страна, обидете се да ги потпрете рамената со, по можност поцврста, анатомска перница. На тој начин вашите раменици ќе бидат соодветно сместени, што ќе ја намали болката во вратот и рамената.
Ако седите пред компјутер, проверете дали вашиот монитор е на ниво на очите. Приспособете ја висината на столот и работната маса, но, може да се обидете да користите стоечко биро. Проверете дали тоа е точно наместено.
Седејќи или стоејќи, држете ги колковите, рамената и ушите во права линија. Бидете внимателни кога го држите мобилниот и листате низ него, читате весник и слично затоа што тоа се ситуации во кои најмногу се напрегнуваме.
Обидете се да користите торба со тркалца, кога одите на шопинг, за да не мора да носите тешки чанти преку рамениците. Исто така, обидете се да го минимизирате носењето в раце на вашето дете, милениче или други тешки предмети при подолг временски период. Користете помошни средства, како на пимер, количка.
Обидете се со умерено вежбање најмалку 5 пати неделно по половина час, за да го одржите телото во форма. Со силни мускули, помала е веројатноста да развиете болка поради причини за лошо држење.
Ако имате многу обврски и сте преоптоварени, се изложувате на ризик да развиете болки во вратот и рамото. Не заборавајте - кога сме под стрес, нашите мускули имаат тенденција да се напнат. За да бидете сигурни дека нивото на стрес не е превисоко, редовно користете техники за релаксација, како што се јога и медитација.