КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Како да спиете подобро

Иако поминуваме третина од нашите животи во спиење, често не ја сфаќаме важноста на квалитетниот сон. Одморањето на телата секоја вечер ни овозможува да се релаксираме и да собереме нова сила за следниот ден. Но, тоа не е сè...

Иако поминуваме третина од нашите животи во спиење, често не ја сфаќаме важноста на квалитетниот сон. Одморањето на телата секоја вечер ни овозможува да се релаксираме и да собереме нова сила за следниот ден. Но, тоа не е сè... Тивок, длабок и доволно долг сон исто така нè разубавува. Поради многуте благодети од редовното и квалитетно спиење, едноставно не смееме да го занемаруваме.

Изберете квалитетен душек

Несоницата или недоволното и неквалитетно спиење може да биде предизвикано од погрешен или истрошен душек, неквалитетни штички или лоша перница. Затоа Ви препорачуваме да се ослободите од стариот душек најбргу што можете и да го замените; и да ја фрлите старата перница и да си купите нова, доколку почесто се будите со болки во вратот. На веб страницата од Дормео можете да одберете од големата палета производи што ќе го подобрат Вашето спиење.

Избегнувајте тешка храна

Доцните оброци можат да предизвикаат немирен сон, доколку внесувате храна што е тешка за дигестија, непосредно пред легнување. Навечер треба да се избегнуваат заситените масни киселини од црвеното месо и полномасните млечни производи, затоа што на организмот му е потребно подолго време за нивно варење. За вечера треба да јадете полесна храна, како на пример: риба, ориз и зеленчук.

Музика за мирен сон

Многу луѓе се опуштаат кога слушаат музика, што е особено важно кога се обидувате да заспиете. Откријте каква музика Ве опушта и пуштете си ја пред спиење (а доколку сакате, оставете ја цела ноќ).

Избегнувајте ги компјутерот и телефонот

Ако електричните уреди во спалната ги оставите вклучени, тие можат да го попречат заспивањето. Ова особено важи за телевизорот, компјутерот и телефонот. Доколку сте во можност, оставете ги овие уреди во друга соба, за да го избегнете влијанието од електромагнетната радијација.