КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Како да станете посреќни

Голем број на медицински истражување докажуваат дека луѓето кои патат од депресија и ги практикуваат аеробните вежби, многу побрзо излегуваат од својата состојба споредено со оние кои депресијата ја третираат исклучиво со лекови. Еве неколку совети за тоа како побрзо да дојдете до среќата.

Голем број на медицински истражување докажуваат дека луѓето кои патат од депресија и ги практикуваат аеробните вежби, многу побрзо излегуваат од својата состојба споредено со оние кои депресијата ја третираат исклучиво со лекови. Еве неколку совети за тоа како побрзо да дојдете до среќата.

Внесувајте состојки кои ги спречуваат воспаленијата

Воспаленијата најчесто се предизвикани од некаква повреда или бактериска инфекција. Знаците по кои ќе ги препознаете овие здравствени проблеми најчесто вклучуваат: покачена телесна температура, црвенило, оток и болка. Сите овие спаѓаат во одбранбените механизми кои телото ги создава за да се бори против ваквите закани. Секако дека воспалението може да има и негативни последици. Дел од таквите последици се и автоимуните болести како дијабетес тип 1, ревматиден артритис и лупус. Дополнително, неправилната исхрана води кон дефицит на витамини, минерали и диететски влакна, што ја намалува можноста телото да се избори против воспалението.

Внесувајте поголеми количини на рибино масло и витамин Д

Емоционалната состојба во голема мера зависи од нивото на овие состојки во крвта. Тие се неопходни за телото и доколку постои дефицит од нив, можно е да дојде до сериозни психофизички нарушувања. Внесувајте ги редовно, но и на природен начин преку исхраната. Најбогата со рибино масло и витамин Д е секако рибата.

Консумирајте билки кои имаат силни антидепресивни својства

Побарајте совет од вашиот лекар или лиценциран нутриционист за природните начини на кои многу лесно и брзо ќе се изборите против депресијата, несоницата и лошото расположение. Билките кои навистина можат да ви помогнат се валеријаната, камилицата, кантарионот како и многу други.  

Правете вежби за дишење

Стресот, несоницата и депресијата можат да бидат предизвикани и од неправилното дишење. Една од најдобрите вежби за релаксирање и правилно движење е јогата. Експертите препорачуваат да одвојувате најмалку 10 минути во текот на денот за контрола на дишењето. Мислете на позитивни нешта, на работи кои ве прават среќни, затворете ги очите и дишете длабоко.