- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Дали би сакале да бидете еден од оние луѓе кои изрипуваат свежи од кревет, се мијат и веднаш имаат енергија да ги облечат патиките и да отидат на трчање? Дали би сакале да станете ранобудни и веќе никогаш да не се мачите да се освестите пред одењето на работа? Сега можете. Прочитајте како.
Прво нешто што мора да го сторите е во текот на десетина дена да запишувате кога легнувате, колку часа спиете и дали сте се разбудиле ноќе. Може да се покаже дека иако си легнувате на полноќ, всушност заспивате во 1 или 2 часот, па така наместо 7-8 часа, всушност спиете по 5-6. Доколку е така, ќе мора да си легнувате порано.
Многу е важно да знаете колку часови сон Вам Ви се потребни. Не сите луѓе спијат исто и според тоа препораките за возрасни луѓе не мора задолжително да важат и за Вас. Ова најдобро се проверува во недела во која немате обврски или кога сте на одмор.
Едноставно исклучете го будилникот и бележете колку часа сте спиеле кога не морате да станувате во одреден период. Потоа ќе можете да го прилагодите внатрешниот часовник според тие потреби.
Откако ќе одредите колку време Ви е потребно за спиење, треба да внимавате и каде спиете. Спалната соба која е совршена за спиење мора да биде темна, тивка, добро проветрена и можеби најважно од сè – удобна.
Просечната температура за удобен сон е 20 степени, а душекот мора да биде совршено удобен (не премногу мек и не премногу тврд) и чист.
Размислете колку пати во едно утро го одложувате ѕвонењето на будилникот. Со ваквото, фрагментирано спиење, всушност си правите контра-услуга. На мозокот му се потребни од 30 до 60 минути за да ја достигне фазата на длабок сон, за да можете да се одморите. Со дремењето во куси интервали, всушност дополнително се заморувате и станувате со чувство „како да Ве прегазил воз“.