КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Како да стигнете до (прво) вработување

Во потрага сте по работно место и не знаете од каде да ја започнете својата потрага? Следете ги основните овие основни совети и ќе бидете на добар пат кон нова кариера...

Во потрага сте по работно место и не знаете од каде да ја започнете својата потрага? Следете ги основните овие основни совети и ќе бидете на добар пат кон нова кариера...

Добро CV е клуч за успехот

Ако имате проблем со пишувањето на вашето CV, побарајте помош од пријател кој има искуство во оваа област. Доброто CV е неопходно за воопшто да ве повикаат на интервју за работа, затоа подготовката треба да ја сфатите сериозно. Доброто CV треба да биде транспарентно и атрактивно за работодавецот. При изготвувањето на вашето CV, внимавајте тоа да биде: -Кратко, јасно и да содржи само суштински информации; -Со точна и прецизна содржина; -Логично подредено; -Квалитетно; -Реалистично; -Проверено за грешки; -Визуелно привлечно со добар темплејт; -Приспособено за позицијата за која аплицирате. Започнете го ловот:

1. Направете список од контакти

Направете список од сите пријатели, роднини и познаници. Кажете им дека барате работа и замолете ги да се распрашаат во нивната сфера. 2. Подгответе се за интервју

Замолете некој пријател што добро се снашол на интервју за работа да ви каже кои се најчесто поставуваните прашања и на што најмногу треба да посветите внимание. Поставете си ги истите прашања и имајте однапред подготвени одговори. 3. Истражете ја компанијата

Направете пребарување на интернет и дознајте ги најважните информации за компанијата каде што аплицирате за работа. Разгледајте ја дејноста и смислете идеи со кои таа компанија би можела да напредува. На тој начин тие ќе знаат дека навистина го сакате работното место. 4. Освежете го знаењето

Ако не ги користите програмите од Microsoft Office секојдневно, не е лошо да го освежите знаењето, бидејќи сигурно ќе ви бидат неопходни за секојдневните работни обврски. 5. Истакнете ги вештините и знаењето

Јасно истакнете ги вештините, знаењето и искуството. На прво место ставете ги најјаките страни и обидете се да ги поврзете со компанијата каде што сакате да работите. Неопходно е работодавците да знаат кои ви се силните страни и дека тие би можеле да имаат корист од нив.