КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Како до луциден сон?

Луцидни сништа се оние во кои сте свесни дека сонувате. Постојат повеќе видови луцидност во сонот, од бледо сфаќање дека сте во сон, па сѐ до целосна контрола на настаните во светот на сништата. Доколку сакате да сонувате луцидно, тогаш можете да вежбате, следејќи ги овие совети.

Луцидни сништа се оние во кои сте свесни дека сонувате. Постојат повеќе видови луцидност во сонот, од бледо сфаќање дека сте во сон, па сѐ до целосна контрола на настаните во светот на сништата. Доколку сакате да сонувате луцидно, тогаш можете да вежбате, следејќи ги овие совети.

1. Во текот на денот, секогаш кога ќе се сетите, запрашајте се: „Дали сум буден?“ и притоа направете некој ритуал за проверка на будноста (на пример штипнете се за рака). Ако доволно често го правите ова, за кусо време ќе се сетите да го направите и во сонот.

2. Водете дневник на сништата. Чувајте го блиску до креветот и запишете што сте сонувале, веднаш по будењето, за да не заборавите некој детаљ. Овој чекор веројатно е најважен на патот кон луцидниот сон.

3. Проверете кој период е најдобар за луциден сон. Според истражувањата, најголем број луцидни сништа се случуваат во дремките по утрински прошетки, во текот на РЕМ фазата од сонот (непосредно пред будењето) или пак во ситуација кога имате прекинат сон. Искористете ги овие периоди за вашата вежба.

4. Обидете се со техниката на Стивен Лаберже. Наместете го алармот да ве разбуди на 4 и пол или 6 часа откако ќе си легнете. Штом ќе се разбудите, обидете се да се сетите што сте сонувале. Кога ќе се сетите, замислете си ја сликата во главата и вратете се во кревет.

Постојано повторувајте дека ќе се вратите во истиот сон (користете автосугестија) и кога ќе знаете дека сте си се убедиле, заспијте. Не грижете се ако е потребно подолго време. Колку подолго се обидувате, толку е поверојатно дека ќе успеете да влезете во истиот сон, овојпат свесно.

5. Обидете се со техниката на будење и повторно заспивање. Наместете го часовникот на 5 часа по легнувањето. Откако ќе се разбудите, останете будни еден час и во тоа време постојано мислете на луцидноста. Потоа одново заспијте, користејќи ја претходната техника.

6. Истражете ја темата луцидно сонување. Гледајте филмови со таква тематика („Небо од ванила“), побарајте нешто повеќе на интернет или пак прочитајте некоја книга што го објаснува феноменот.

7. Бидете активни во соништата. Замислете си цел и со сите сили трудете се да ја остварите.

Откако ќе ја совладате техниката на луцидно сонување, ќе можете да бидете во целосна контрола на соновите, секогаш кога ќе посакате.