- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Сите знаеме колку е тешко да се наспиеме кога сме болни, кога телесната температура е покачена, носот растечен и не можеме да ја сопреме кашлицата. Понекогаш симптомите се влошуваат како што наближува времето за спиење.
Сите знаеме колку е тешко да се наспиеме кога сме болни, кога телесната температура е покачена, носот растечен и не можеме да ја сопреме кашлицата. Понекогаш симптомите се влошуваат како што наближува времето за спиење. За среќа, постојат одредени трикови со кои можете да ги олесните симптомите и добро да се наспиете.
Кога ќе се разболите, првата помисла ви е да отидете во аптека и да купите лекарства. Но, секој реагира различно на лековите кои ги олеснуваат симптомите на настинка или грип. Кај некои луѓе дури доаѓа до нарушување на нормалниот циклус на спиење и појава на анксиозност и срцебиење. Ако тоа се случи, побарајте нови лекарства, во консултација со матичниот лекар.
Кога поставувате повисока перница, по можност перница со соодветна потпора за вратот, гравитацијата започнува да работи во ваша корист. Наместо да се задушувате од назалниот секрет, ќе можете полесно да дишете низ носот и притисокот во синусите ќе се намали.
Кога ќе влезете во топлата бања или под туш, телото ви се релаксира. Но, најдобриот ефект доаѓа од намалувањето на телесната температура кога ќе излезете од водата. Ваквиот пад на температурата помага вашето тело да се подготви за спиење. Исто така, пареата помага при олеснување на симптомите.
Сварете си чај од камилица, кој ќе ви помогне да го опуштите телото пред спиење, а во исто време ќе внесете дополнителни течности кои се клучни за побрзо опоравување. Засладете го чајот со неколку капки мед, со што ќе го смирите и грлото.
Можеби ќе ви биде тешко да станувате среде ноќ за да одите во тоалет, но доколку внесувате доволно вода во текот на денот, тоа ќе ги олесни симптомите и ќе го забрза процесот на опоравување. Исто така, водата ќе ви помогне да се справите со ненадејните кашлици среде ноќта.
Кога сте болни, важно е да се одмарате, но не претерувајте со дремките, бидејќи тоа може да го отежни заспивањето кога ќе падне ноќта. Честите дремки заменете ги со релаксирачки активности.