- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Овие совети ќе Ви овозможат да заспиете многу полесно, да останете заспани во текот на целата ноќ и да се разбудите одморени. Дури откако ќе почнете да спиете добро ќе ги забележите ефектите на квалитетниот сон врз Вашето здравје.
Овие совети ќе Ви овозможат да заспиете многу полесно, да останете заспани во текот на целата ноќ и да се разбудите одморени. Дури откако ќе почнете да спиете добро ќе ги забележите ефектите на квалитетниот сон врз Вашето здравје.
Зголемената ментална активност пред легнување го отежнува процесот на заспивање. Особено негативно влијаат технолошките стимуланси.
Доколку гледате телевизија пред да заспиете (особено нешто страшно или вознемирувачко) или пак ако работите на компјутер до преморување, тогаш ќе имате потешкотии при заспивањето. Токму затоа престанете со секоја активност најмалку 30 минути пред легнувањето, за да му дадете доволно време на мозокот да се опушти.
За да се опуштите пред заспивањето, треба да се префрлите од стимулирачките активности на активности што Ве опуштаат. Направете си топла бања, читајте добра книга, создадете опуштена атмосфера во спалната соба, редовно менувајте ја постелнината и обезбедете си квалитетен душек.
Ако имате проблеми со заспивањето, избегнувајте кофеин по 16 часот (кафе, чај и црни газирани пијалаци). Исто така, по овој период избегнувајте шеќери, коишто можат да го поттикнат излачувањето на инсулин во организмот и на краток период да го зголемат нивото на енергија.
Исто така, избегнувајте течности барем еден час пред легнувањето, за да не морате да станувате во текот на ноќта за одење во тоалетот.
За да можете мирно да спиете, мора да се ослободите од мислите што Ви го одвлекуваат вниманието. Доколку сте постојано под стрес и мислите на проблемите што не можете да ги решите, ќе имате големи потешкотии при заспивањето.
Пронајдете ги нештата што Ве мачат и обидете се да ги решите. Ако природата на нештата оневозможува брзо решавање, запишете ги на лист хартија – штом ќе ги пренесете на хартија, тие ќе Ви излезат од мислите, барем онолку долго колку да можете да заспиете.