КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Како подобро да се наспиете заедно со партнерот

Дали чувствувате дека немате доволно место на креветот на којшто спиете со партнерот? Нема потреба да станете и да се префрлите на каучот. Заедничкото спиење во одредени положби ќе Ви овозможи на двајцата добро да се наспиете, а истовремено и дополнително ќе ја зацврсти врската помеѓу вас.

Дали чувствувате дека немате доволно место на креветот на којшто спиете со партнерот? Нема потреба да станете и да се префрлите на каучот. Заедничкото спиење во одредени положби ќе Ви овозможи на двајцата добро да се наспиете, а истовремено и дополнително ќе ја зацврсти врската помеѓу вас.

Екскалибур (едниот спие на грб, другиот странично)

Ако спиете свртени на страна, свртете се кон партнерот, но малку потсвртете се наназад, за да избегнете ситуација во која ќе се разбудите со отрпната рака. Оние што спијат на грб треба да ги држат рацете крај себе, не над глават, за да се намали притисокот врз рамената.

Странично седло (едниот спие на стомак, другиот странично)

Сакате да се гушкате, но партнерот се жали дека целосниот контакт во текот на ноќта прави да му биде премногу жешко? Во ваквата положба, тој ќе добие доволно простор, додека Вие ќе добиете можност за контакт со него. Оној што спие на стомак треба да стави мало перниче под стомакот, за да го намали притисокот врз грбот.

Хартиени кукли (двајцата партнери спијат на грб)

Кога двајцата партнери спијат на грб, нема многу можности за контакт, освен допири со дланките или стапалата, кои се доволни за да се одржи поврзаноста. Неопходно е на крајот на денот да се воспостави контакт со очите, барем за миг, за да се одржи и чувството на блискост.

Класична лажица (двајцата партнери спијат на страна – или луѓе со болки во долниот дел од грбот)

Спиењето на страна помага при намалувањето на притисокот од ’рбетот, што оваа положба ја прави идеална за луѓето кои страдаат од болки во долниот дел од грбот. Ставањето мало перниче помеѓу колената исто така ќе Ви помогне да избегнете вкочанување на грбот и нозете.