КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Како спиењето Ви помага да ослабите

Последните истражувања велат дека луѓето што редовно спијат, по барем осум часа, имаат двапати поголеми шанси да се справат со зголемената телесна тежина од оние што се хронично ненаспани.

Ако некогаш сте се посомневале дека добриот сон може да Ви помогне да го намалите вишокот килограми, тогаш време е да ги отфрлите сите сомнежи.

Последните истражувања велат дека луѓето што редовно спијат, по барем осум часа, имаат двапати поголеми шанси да се справат со зголемената телесна тежина од оние што се хронично ненаспани. Истражувачите од Центарот за здравствени истражувања во Орегон, САД, вклучиле 472 испитаници со прекумерна телесна тежина во својата студија. Од нив било побарано да присуствуваат на неделни состаноци, но и да водат дневник на проблемите со несоницата, стресот и депресијата.

Доброволците исто така бележеле колку време поминуваат во гледање телевизија или користење компјутер. Во исто време, од нив било побарано да го намалат вкупниот внес на калории за 500 дневно, преку префрлање на диета со низок процент на масти и шеќери. Во времетраењето на студијата, тие исто така вежбале по најмалку 3 часа неделно. Наодите покажале дека речиси три четвртини од испитаниците кои имале пониски нивоа на стрес и просечно време на спиење од осум часа, имале два пати поголеми шанси да ја достигнат зацртаната цел – намалување на 5 килограми – од оние коишто спиеле по 6 или помалку часа. Но, намалувањето на килограмите не е единствената причина поради која е потребен добар сон.

Кога спиеме, организмот ги излачува хормоните наречени цитокини, кои ја помагаат битката на имунолошкиот систем со инфекциите. Други студии, на пример, покажале дека ако се вакцинирате против грип кога сте хронично ненаспани, во Вашиот организам се создаваат половина од потенцијалните антитела (со што имате само половична корист) во споредба со луѓето коишто се вакцинираат добро наспани.

Хроничната ненаспаност го зголемува и ризикот од нарушување на расположението, психолошки растројства и депресија.