- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Доколку сакате во новата година да го подобрите здравјето, да се освежите и да си го направите животот попријатен, тогаш треба да ги забележите овие совети...
Доколку сакате во новата година да го подобрите здравјето, да се освежите и да си го направите животот попријатен, тогаш треба да ги забележите овие совети...
Мусли, тестенини, ориз, леб и други производи направени од интегрални житарки имаат поголема содржина на витамини и минерали отколку белите верзии. Дополнително, интегралните житарки содржат многу повеќе растителни влакна, кои можат да ги намалат проблемите при: варење на храната, запек, одржување на здрава телесна тежина, намалување на холестеролот, но и при намалување на ризикот од срцеви заболувања и дијабетес, тип 2.
Доколку јадете месо, бирајте колку што е можно почисти парчиња, со максимум 10 грама масти на 100 грама.
Обичниот јогурт содржи помалку шеќери и далеку попозитивно влијае врз здравјето отколку јогуртот со додаден вкус. Користете го обичниот јогурт за пиење, како замена за павлака или мајонез или пак во комбинација со овошје. Јогуртот се поврзува со намалување на алергиските реакции, воспаленијата на дигестивниот тракт, хипертензија, чиреви, дијареа и одредени бактериски инфекции.
Свежите плодови секогаш се одлични, но смрзнатите вообичаено се поевтини и траат многу подолог. Плодовите веднаш по берењето започнуваат да ги губат хранливите материи. Смрзнатите инстантно се мрзнат по берењето и на тој начин задржуваат голем дел од хранливите материи. Избегнувајте додатоци во комбинација со ваквите плодови.
Јајцата се сестран и евтин извор на квалитетни протеини, но и витамини, минерали и антиоксиданси. Не претерувајте со жолчките (од една до две дневно) доколку сакате да го намалите вкупниот внес на калории.
Јаткастите плодови се мало пакување преполно со хранливи материи. Содржат растителни влакна, омега-3 масни киселини, незаситени масти, витамин Е, Л-аргинин, калиум и магнезиум. Препорачливо е да јадете околу 30 грама дневно.
Најновите истражувања покажуваат дека еден од столбовите за одржување на здрава телесна тежина е јадењето редовни три оброци и две ужинки во денот. Секако, ужинките треба да бидат количински мали и здрави. Размислувајте за обезмастени млечни производи, овошје и малку јаткасти плодови.
Ако никогаш не сте експериментирале со билки и зачини, тогаш 2012 е вистинското време да започнете. Тие ќе додадат многу вкусови во јадењата кои ќе ги приготвувате, а во исто време ќе спречат прекумерно додавање сол и путер, со што ќе се намали вкупниот внес на калории и масти.