КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Кажете му збогум на неспиењето

Неспиењето е сериозен проблем. Според некои истражувања, околу 50% од луѓето страдаат од неспиење. Започнете уште вечерва да ги следите следните совети за хигиена на сонот за да уживате во слатките соништа што ви требаат и што ги заслужувате.

Намалете го стресот

Стресот е еден од главните виновници за неспиењето. Пред да си легнете  навечер, опуштете се со медитација, топла бања, читање или други активности кои ве опуштаат. Во текот на денот обидете се да водите помалку бурен начин на живот. Дали таа работна задача може да почека до следниот ден? Дали валканите алишта може да почекаат до викенд?

Одржувајте квалитетна средина за спиење

Физичкиот простор каде што спиете може да го подобри или да го влоши квалитетот на вашиот сон. Обидете се да не заспивате на каучот, туку воспоставете редовна рутина и секогаш одете во спалната соба во исто време.

Ограничете ги дневните дремки на помалку од 30 минути. Вашата спална соба нека биде затемнета и со малку поладна температура.

Отстранете ги нарушувачите на сонот

Не јадете тешки оброци, не пушете цигари и не пијте алкохол или кафе неколку часа пред спиење, бидејќи сите тие се стимуланси. Ограничете го и времето поминато пред екранот, бидејќи сината светлина што се емитува од уредите го нарушува природниот ритам на дневната и ноќната перцепција.

Вежбајте

Физичката активност помага да се балансираат нивоата на мелатонин и кортизол, па вежбањето може да го спречи неспиењето. Од  едноставна прошетка во природа до сериозен фитнес режим – одберете што ви одговара вам. Сепак, не вежбајте премногу доцна навечер бидејќи на вашето тело ќе му требаат неколку часа за да се опушти.

Спијте удобно

Постелете го креветот за успех - набавете висококвалитетен душек, перница, удобен јорган и постелнина. Вистинскиот кревет е клучен за релаксирачки и подмладувачки сон, бидејќи го намалува нивото на стрес и анксиозност, ги спречува болките поврзани со спиењето, обезбедува правилно држење на 'рбетот, ги релаксира нашите мускули, го опушта нашето тело и ум, односно генерално го подобрува квалитетот на нашиот живот.