КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Која положба за спиење е најдобра

Иако поминувате најмногу време во положбата во којашто сте заспале, дури и оние што речиси и не треба да го местат креветот кога ќе станат се превртуваат околу 4 пати во еден час, што во текот на ноќта значи најмалку 20 превртувања и поместувања.

Мислите дека сте мирни кога спиете? Размислете повторно. Иако поминувате најмногу време во положбата во којашто сте заспале, дури и оние што речиси и не треба да го местат креветот кога ќе станат се превртуваат околу 4 пати во еден час, што во текот на ноќта значи најмалку 20 превртувања и поместувања.

Прочитајте колку одмор добивате во Вашата омилена положба за спиење.

На грб

Оваа положба спречува болки во вратот и грбот, спречува создавање киселини во желудникот и го минимизира создавањето брчки. Сепак, таа лоша за луѓето што ’рчат. Совршена перница: Мека перница. Целта е да се обезбеди потпора за вратот и главата, но да не се подигнуваат премногу од подлогата за спиење.

На страна

Спиењето на страна спречува појава на болки во вратот и грбот, ги намалува киселините во желудникот и ’рчењето, а е одлично за одмор во текот на бременоста. Сепак, таа е лоша за кожата и женските гради, со оглед на тоа што придонесува за дејството на гравитацијата и во текот на сонот. (Доколку сте бремени, спијте на левата страна. Ова е идеална положба за подобра циркулација.) Совршена перница: Анатомска перница. Едноставно мора добро да го пополните просторот над рамото, за главата да не биде надвисната. Анатомските перници обезбедуваат совршена потпора.

Фетус

Оваа положба помага при намалување на ’рчењето и овозможува удобно спиење при бременост. Но, може да доведе до појава на болки во вратот и грбот, а доведува до појава на повеќе брчки. Препорачливо е да се обидете да се исправите, барем малку, а доколку можете,  со текот на времето дојдете до страничната положба. Совршена перница: Анатомска перница. Во суштина, овде се работи за истата положба на горниот дел од телото како и кај страничната положба, па според тоа, потребна е и идентична потпора за вратот и главата.

На стомак

Во суштина, спиењето на стомак е најлошата положба што можете да ја одберете. Таа е добра за минимизирање на ’рчењето, но затоа многу често води кон појава на болки во вратот и грбот, појава на брчки, виснување на кожата и женските гради. Освен ако не ’рчите, обидете се да си најдете друга положба за спиење. Совршена перница: Најтенката што можете да ја најдете. Ако можете, спијте и без перница.