- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Спиењето е еден од столбовите на доброто здравје, но денешниот животен стил предизвика речиси една четвртина од населението на планетава да има некакво нарушување на нормалниот циклус на спиење.
Спиењето е еден од столбовите на доброто здравје, но денешниот животен стил предизвика речиси една четвртина од населението на планетава да има некакво нарушување на нормалниот циклус на спиење. Иако не постои сигурна формула за полесно заспивање и добар одмор, еден од начините е да ги искористите благодетите од одредени звуци. Кога спиеме, ги перципираме звуците и нашите мозоци ги обработуваат податоците, но не на ист начин како кога сме будни.
Нема потреба да шепотите кога озборувате пријател што заспал, бидејќи луѓето се многу помалку чувствителни при спиење, отколку кога се будни. Иако некои луѓе се будат ако падне пердув во собата, други „не ги буди ни топ“. Звуците што ги слушаме при спиење може да бидат релаксирачки или пак вознемирувачки. Поделбата е крајно индивидуална. Одредени луѓе спијат со метал музика, други пак не можат да заспијат со телевизорот пуштен на најтивко. Но, најголем дел од популацијата покажала знаци на опуштање при слушање на следниве звуци:
Звуци од брановите на океанот, животни од дождовните шуми, грмотевици, па дури и звукот на кинескиот џиновски саламандер може да бидат пријатни за заспивање. Многу помалку е веројатно да бидеме иритирани од звуцците од природата, бидејќи вообичаено содржат флуктуации на амплитудата и фреквенцијата. Но, внимавајте ако користите звуци од океан или дожд. Секогаш бидете блиску до тоалетот, бидејќи звуците на вода предизвикуваат потреба за мокрење.
Кога бројните грижи и секојдневни проблеми не ви дозволуваат да заспиете, музиката може да ве опушти. Избегнувајте песни чии текстови ви го преокупираат мозокот и наместо тоа фокусирајте се на класична музика и бавни песни. Кога користите радио или телевизија за музика, наместете го тајмерот за исклучување, бидејќи подоцна во ноќта звуците од музиката можат да го нарушат сонот, дури и кога не сме свесни за тоа.
Понекогаш ништо не може да ве опушти како смирувачкиот ефект на човечките гласови. Одберете си аудио книга, читана од вашиот омиелн актер и пуштете ја. Приказната, во комбинација со гласот на Морган Фриман можат многу бргу да ве заспијат.
Обидете се да создадете апсолутна тишина во спалната соба. Во одредени ситуации не ни е потребна никаква асоцијација со стресот и проблемите, а тишината е идеална за исклучување од светот.