КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Колку часа сон се доволни за добро здравје?

Колку време дневно треба да спиете за да го одржите доброто здравје зависи од повеќе фактори, а најмногу од возраста. Овде ви ги пренесуваме основите параметри базирани на возрасната група...

Колку време дневно треба да спиете за да го одржите доброто здравје зависи од повеќе фактори, а најмногу од возраста. Овде ви ги пренесуваме основите параметри базирани на возрасната група: Бебиња – 14 до 15 часа на ден Мали деца – 12 до 14 часа на ден Деца на школска возраст – 10 до 11 часа на ден Возрасни – 7 до 9 часа на ден Покрај возраста, постојат бројни други фактори кои влијаат на времето кое ни е потребно за квалитетен одмор и регенерација во текот на ноќта. На пример:

Бременост

Промените кои се случуваат во телото на жената при бременост, можат значително да го зголемат времето кое е потребно за квалитетен сон.

Стареење

Постарите лица имаат подеднаква потреба за спиење колку и помладите возрасни луѓе. Но, како што стареете, можно е да дојде до промена на навиките и циклусите на спиење. Постарите лица најчесто имаат полесен сон и се будат почесто во текот на ноќта. Ова може да создаде тенденција за почести дремки во текот на денот.

Лишеност од спиење

Доколку на подолг период сте скусувале од сонот, тогаш потребата за спиење може значително да се зголеми и да ви бидат потребни повеќе часови сон.

Квалитет на спиењето

Доколку спиењето често ви се прекинува или станувате прерано, тогаш не спиете квалитетно. А, квалитетот на спиењето е подеднакво важен колку и квалитетот.