- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Седењето, што најголем дел од нас го прават по повеќе од осум часа дневно, можеби е најлошата навика што ја имаме, од аспект на здравствените импликации.
Седењето, што најголем дел од нас го прават по повеќе од осум часа дневно, можеби е најлошата навика што ја имаме, од аспект на здравствените импликации. Во историјата, луѓето најголем дел од денот го минувале на нозе, извршувајќи ги секојдневните задачи. Но, со измислувањето на телевизијата и компјутерите, денес седиме повеќе од кога било порано (9,3 часа дневно – повеќе одошто спиеме 7,7 часа). Нашите тела не се наменети за оваа активност, а последиците од неа се зачудувачки.
Седењето повеќе од 6 часа дневно, за 40 проценти ги зголемува шансите за смрт 15 години порано од некој што седи помалку од 3 часа. Ова важи дури и ако редовно вежбате. Студиите јасно покажале дека единствениот начин да го намалите овој ризик е да го намалите времето поминато во седење.
Луѓето со прекумерна телесна тежина седат во просек 2,5 часа подолго од слабите луѓе. Помеѓу 1980 и 2000 година, нивото на вежбање останало исто, времето поминато во седење се зголемило за 8 проценти (како последица на технолошкиот напредок), а бројот на луѓе со прекумерна телесна тежина двојно се зголемил.
Штом ќе седнете:
-Престанува електричната активност во ножните мускули; -Согорувањето на калории опаѓа на една во минута; -Ензимите што помагаат во согорувањето на мастите опаѓаат за 90 проценти.
Многумина немаат избор и мораат да седат по 8 часа пред бирото. Но, дополнителното седење во домот е она што сериозниот проблем го претвора во смртоносен. Треба да знаете дека препорачаната 30 минутна физичка активност дневно, не е доволна за да ги неутрализира ефектите од постојаното седење.
Затоа, прекинувајте го седењето секогаш кога имате шанса, со кусо растегнување, одење во место, потскокнување, одење до тоалетот итн. Луѓето што дневно седат пред телевизор повеќе од 3 часа, имаат 64 проценти поголеми шанси да умрат од срцево заболување од оние што трошат помалку од 3 часа седнати пред телевизор. Од вкупниот број луѓе што седат пред телевизор повеќе од 3 часа, оние што редовно вежбаат се подеднакво дебели колку оние што не вежбаат.
Запомнете, секој час дополнително гледање телевизија го зголемува ризикот од прерана смрт за 11 проценти.
Седењето во текот на денот се акумулира, без разлика дали се работи за седење пред бирото на работа, во автомобил, пред телевизорот. Затоа, кога мора да седите, треба да знаете која е правилната положба.
Заборавете на сите препораки што некогаш сте ги добиле за правилните положби на седење. За помало оптоварување на грбот и подобра циркулација на крвта во нозете, треба да седите под агол од 135 степени, односно благо навалени наназад.