КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Колку е важно да имате добра перница

Многу е важно да ја имате вистинската перница, бидејќи не само што ќе му даде поддршка и удобност на вратот, туку ќе ги спречи и болките во главата, вратот и грбот и ќе ви помогне ‘рбетот да биде во соодветна положба. Исто така ќе ве штити од алергени и вие ќе спиете во свежа и здрава средина.

Многу е важно да ја имате вистинската перница, бидејќи не само што ќе му даде поддршка и удобност на вратот, туку ќе ги спречи и болките во главата, вратот и грбот и ќе ви помогне ‘рбетот да биде во соодветна положба. Исто така ќе ве штити од алергени и вие ќе спиете во свежа и здрава средина. Спиењето на несоодветна перница може да предизвика различни болки и значително да влијае врз нашето здравје. Исто така може да има и други последици како што се срцеви болести или депресија.

Кога е време да ја смените перницата?

Правилото на палецот е совршениот показател за тоа кога треба да ја смените перницата. Неколку показатели предлагаат дека е време да ја замените перницата доколку:

  1. Често се будите со главоболка, вкочанет врат или грчеви во мускулите. Болката во главата, вратот и грбот, па дури и во нозете може да бидат последица од спиењето на стара перница. Причината е во тоа што нема доволно поддршка во вратот, а тоа постојано влијае на целиот ‘рбет. Вистинската перница треба да им даде соодветна поддршка на главата и вратот и на тој начин да овозможи соодветна поставеност на телото.
  2. Перницата е рамна или пак деформирана. Нерамна или деформирана перница не им ја дава соодветната поддршка на главата и вратот. Заменете ја перницата доколку треба да ја тресете и полните за да ви биде удобна. Доколку на перницата и треба време да се врати во првобитната положба откако ќе ја склопите на половина значи дека е време да ја замените перницата. Перницата треба да се прилагоди на контурите на вашата глава и рамномерно да ја распредели тежината, без да создава дополнителен притисок.
  3. Имате проблеми со алергии и астма. Перниците собираат телесни течности и мртва кожа, а тоа привлекува прашински грини, еден од најчестите алергени. Со тек на време перницата станува резервоар на бактерии, честички од прашина и мувла додека дишењето и плунката придонесуваат за уште полоша средина за спиење. Овие негативности предизвикуваат алергии и симптоми на астма. Експертите препорачуваат дека оние кои страдаат од алергии треба да ја менуваат перницата на секои две години. За да се намали ризикот од алергии, потребно е перницата да се пере во топла вода и да се користат навлаки за да се спречи насобирањето на алергии.
  4. Вашата перница е постара од две или три години. Дури и ако не можете да погледнете во внатрешноста на перницата не се сомневајте дека таа станува жив еко-систем после две или три години употреба. Треба да ја замените перницата дури и ако не сте забележале очигледни деформации и сл.
  5. Вашата перница има непријатен и чуден мирис. Непријатниот мирис може да биде последица на пот, бактерии, мувла и е очигледен знак дека треба да ја замените вашата перница.

Едноставно не можете да се наспиете. Ако не можете да се наспиете и постојано се превртувате во текот на ноќта, тогаш нова перница може да е решение на вашиот проблем. Недостатокот на квалитетен сон може да доведе до сериозни здравствени проблеми. Една третина од нашиот живот го поминуваме во спиење или во одмарање на главата и вратот на таа перница, па затоа е многу важно да имаме квалитетна перница бидејќи е клучен фактор кој ќе ни обезбеди квалитетен сон и живот.