- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Летото полно со авантури, нови искуства и среќни мигови за вас полека завршува, и многу наскоро вашето дете ќе мора да се врати на училиште и да се соочи со нови искуства. Децата реагираат на почетокот на новата училишна година на различни начини.
Летото полно со авантури, нови искуства и среќни мигови за вас полека завршува, и многу наскоро вашето дете ќе мора да се врати на училиште и да се соочи со нови искуства. Децата реагираат на почетокот на новата училишна година на различни начини. Некои се многу среќни што повторно ќе бидат заедно со своите другарчиња, додека пак, други овој период го доживуваат како негативен настан. Затоа, ние ви нудиме неколку корисни совети кои ќе ви помогнат вам и на вашето дете да го направите враќањето на училиште полесно.
Иако вашето дете може да биде многу тажно поради тоа што треба да се врати на училиште, па дури и да плаче, останете позитивни. Позитивниот став е клучен за убедување на детето да направи нешто што не сака. Потсетете го колку му било забавно со соучениците минатата година, на многуте интересни ситуации кои ги имал и на сите работи кои ги научил на училиште. Можете да почнете и со спонтани позитивни изјави со што ќе ги убедите дека треба да очекуваат позитивни работи. Вашиот позитивен став ќе премине на вашите деца и враќањето на училиште ќе стане радосен настан.
Доколку вашите деца се навикнат на секојдневна рутина пред почетокот на школската година, ќе им биде многу полесно да се соочат со враќањето на училиште и да ги извршуваат сите обврски на часовите. Оваа секојдневна рутина не мора да биде слична со еден ден на училиште. На пример, не мора да вклучува читање или решавање на математички задачи. Некогаш е подобро да не ја вклучувате училишната работа во дневната рутина на вашето дете, бидејќи може да ја зголеми неговата аверзија кон училиштето.
Никогаш нема да згрешите доколку се одлучите за едноставни домашни работи, како што се на пример поминување со правосмукалка, бришење прашина, изнесување на ѓубрето, итн.
Не заборавајте да ги научите да си легнуваат порано навечер и да стануваат порано наутро, исто како кога одат на училиште. Препорачливо е да не го менуваат својот биоритам преку ноќ, туку постепено да создаваат нови навики. Секој ден викајте им да си легнат малку порано од вообичаено и секое утро будете ги порано.
Вашите деца повеќе ќе се радуваат на враќањето на училиште доколку тоа го поврзете со забавен настан. Започнете годишна традиција на подготвување забавни настани неколку дена пред почетокот на школската година.
Овој настан може да биде семејно патување, краток одмор на море или кампување. Доколку не сте во можност ова да го реализирате, смислете нешто поедноставно пријатна вечера, кино или ноќ со игри, некаква активност која ќе го израдува вашето дете.
Нема дете кое не се возбудува при самата помисла на пазарење на неопходни работи за на училиште. Оваа активност претворете ја во забава. Изборот на нов ранец, прибор, пенкала и моливи, сето ова измамува насмевка на лицето на секое дете.