- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Сите сакаме да бидеме здрави. И иако постојат нешта за здравјето кои не можеме да ги контролираме, на голем дел од нив можеме силно да влијаеме. Преку здравите секојдневни навики можеме да си ги зголемиме шансите за долг и здрав живот.
Сите сакаме да бидеме здрави. И иако постојат нешта за здравјето кои не можеме да ги контролираме, на голем дел од нив можеме силно да влијаеме. Преку здравите секојдневни навики можеме да си ги зголемиме шансите за долг и здрав живот. Пијте повеќе вода
Најголемиот дел од луѓето не пијат ни приближно доволно вода за правилна хидрација на телото. Ако се земе предвид фактот дека 75 проценти од човечкото тело е составено од вода, тогаш станува јасно зошто таа е толку важна за здравјето. Недоволната хидрација може да доведе до голем број здравствени проблеми, а може значително да придонесе и за напластување на масните наслаги. Јадете помалку – јадете почесто
Најчесто, луѓето сметаат дека најдобар начин за намалување на телесната тежина е прескокнување на оброците и намалување на количината на храната. Вистината е дека кога ги прескокнувате оброците, метаболизмот забавува и трошите помалку енергија, а поголем дел од хранта се складира во масните наслаги. Оптимално е јадењето на секои 3 до 4 часа, т.е. 5 до 6 мали оброци во текот на денот – со што метаболизмот е постојано активен, а се спречуваат и варијациите на нивото на шеќер во крвта. Избегнувајте бела храна
Бел леб, бел ориз, бел шеќер – рафинираните прехранбени производи се осиромашени од витамините, минералите, растителните влакна и речиси сите хранливи материи. Затоа, задржете се на поприродна храна – интегрален леб, кафеав ориз и природни засладувачи. Исчистете си го црниот дроб
Модерната животна средина и секојдневните навики предизвикуваат прекумерна работа на црниот дроб кој ги чисти отровите од храната, од водата, од воздухот што го дишеме. За да му направите детоксикација, секое утро измешајте сок од еден исцеден лимон во една чаша вода и испијте ја течноста веднаш по станувањето. Раздвижете се
Не постои ништо што може да ја замени физичката активност на патот до здравјето. Човечкото тело не е создадено за постојано седење пред биро, па така ако го избегнувате вежбањето, неминовно е да дојде до влошување на здравјето. Наспијте се
Спиењето не само што Ве одмара, туку игра клучна улога во голем број регулаторни процеси во телото. Доколку на подолг рок си скусувате од сонот, последиците можат да бидат катастрофални за здравјето.