КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Подобрете го квалитетот на сонот на Вашето дете

Сите знаеме колку е важен сонот, па затоа сите се трудиме нашите деца убаво да спијат. Но, дали сте сигурни дека квалитетот на сонот кој го добиваат е доволен за децата да можат да се справат со сите предизвици кои ги носи еден просечен ден? Ние ви нудиме неколку едноставни трикови за тоа како да го подобрите квалитетот на сонот на вашето дете.

Сите знаеме колку е важен сонот, па затоа сите се трудиме нашите деца убаво да спијат. Но, дали сте сигурни дека квалитетот на сонот кој го добиваат е доволен за децата да можат да се справат со сите предизвици кои ги носи еден просечен ден? Ние ви нудиме неколку едноставни трикови за тоа како да го подобрите квалитетот на сонот на вашето дете.

Совет 1: Рутина

Најверојатно сте го слушнале ова илјадници пати, но рутината е навистина најважното нешто кога станува збор за спиењето. Доколку вашето дете има постојан распоред п кој се држите најчесто што можете, тогаш легнувањето и станувањето ќе бидат многу полесни. 

Осигурајте се дека вашето дете си легнува и станува во исто време секој ден. Ова нема секогаш да биде возможно, но колку почесто ја практикувате истата рутина, толку ќе биде поголем квалитетот на сонот на вашето дете.

Совет 2: Храна

Ако си легнете гладни, нема да може да заспиете, но, ако сте прејадени, исто така ќе ви биде тешко – истото важи и за децата. Важно е да јадат лесна ужина пред спиење – шолја млеко, банани, јогурт, мисиркино месо и кикирики се одлична идеја за вечера бидејќи овозможуваат полесно да заспиете..

Совет 3: Мирис

Смирена, релаксирачка околина е навистина важна за квалитетен сон, а мирисот игра голема улога во создавањето на соодветна средина за спиење. Во спалната на вашето дете треба да има доволно свеж воздух, да не е многу топло и да има пријатен мирис.

Ако сакате да му помогнете на вашето дете да заспие полесно, лавандата е одличен избор. Таа има смирувачко дејство и ќе му помогне на вашето дете мирно да заспие.

Совет 4: Пижами

Удобноста е многу важна кога се обидувате да заспиете – и удобните пижами играат навистина голема улога. Меките пижами се идеалниот избор за вашето дете.

Пижамите задолжително треба да бидат направени од природна квалитетна ткаенина која и овозможува на кожата да дише и не создава алергии.  Само удобниот сон е квалитетен сон – и понекогаш пижамите се тие кои ја прават разликата.

Совет 5: Музика

Дали музиката ви помага да заспиете? Таа може да го има истото влијание и кај вашето дете. Тивката смирена музика е одличен начин за постигнување на квалитетен сон, и дефинитивно мора да го пробате.

Одлучете се за тивка, пријатна музика која ќе го опушти вашето дете – брзите ритами дефинитивно не треба да ги имате предвид. Обидете се со класична музика, џез, па дури и музика за медитација – и гледајте како вашето дете потонува во мирен сон.

Совет 6: Приказна

Раскажувањето на приказни е еден од најдобрите начини да го натерате вашето дете да заспие. Има нешто толку многу релаксирачко кога лежите во удобен, топол кревет и слушате интересна приказна...

Внимавајте, приказната не смее да биде многу страшна или многу тажна – тоа нема да му помогне на вашето дете да заспие. Одберете убава, интересна приказна со среќен крај – иако можеби нема да имате можност да ја завршите доколку вашето дете заспие додека ја раскажувате.

Совет 7: Ноќно светло

Иако светлото не го подобрува квалитетот на сонот – доколку вашето дете има кошмари, слабото светло може да ви помогне. Најважно од се е вашето дете да се чувствува безбедно навечер.

Слабото светло ги брка чудовиштата и овозможува вашето дете да се чувствува побезбедно и, истовремено, ќе ви овозможи и вам подобро да се наспиете бидејќи нема да мора да станувате секогаш кога вашето дете ќе се разбуди од лош сон.