КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Квалитетен сон за квалитетен живот

На сите ни е потребен сон доколку сакаме да живееме и да работиме нормално, а ова особено важи за оние кои имаат стресен живот и многу напорна работа.

Дали сте знаеле дека сонот има моќ на лекување? Дека не е важна должината на сонот туку неговиот квалитет? Но, сигурно не сте знаеле дека можеме да се бориме против несоницата со напивки кои можеме да ги подготвиме дома самите. Потребен ни е квалитетен сон за квалитетен живот. На сите ни е потребен сон доколку сакаме да живееме и да работиме нормално, а ова особено важи за оние кои имаат стресен живот и многу напорна работа. И на сите ни е потребен одмор, да имаме мирен сон, барем од време на време, инаку е можна појава на проблеми со здравјето. Доколку спиеме доволно, можеме да ја подобриме нашата здравствена состојба. Сонот сам по себе не претставува лек, но вистина е дека во случај на болест, игра важна улога во побрзо закрепнување. Одморот и поголемо количество на сон, го помага закрепнувањето. Колку долго е потребно да спиеме, за да се чувствуваме доволно наспани? Потребите за сон, варираат различно кај различни особи и зависат од возраста па дури и од полот. На некој луѓе доволни им се само 4 до 5 часа сон, додека на други - и по 12 часа. Квалитетот на сонот не зависи од тоа колку ќе трае, туку од чувството дека сте се наспале, чувството на опуштеност, добро расположение и подготвеноста за ментални и физички напори кои ги носи новиот ден. Сето ова можеме да го постигнеме и со краток, но квалитетен сон. Потврд душек повеќе одговара за квалитетен сон! Се верува дека доколку сакаме да ги избегнеме болките во грбот и деформитетите, потребно е да спиеме на потврд душек. Искуството покажува дека е подобро душекот да обезбедува цврста потпора на вратот и грбот, додека притисокот треба да биде соодветно распореден во деловите на рамената и колковите. Доколку притисокот на душекот е лимитиран на мал дел од телото, со текот на времето притисокот ќе биде сè поинтензивен, со што ќе се намали циркулацијата на крвта. Па така, поинтензивно ќе се чувствува неудобност, ќе се јави болка и намалување на квалитетот на сон.

Поради тоа, душекот не треба да биде ниту претврд ниту премек. Топло млеко со мед и чај од камилица се најдобар за несоницата. Топол напиток од млеко и мед е стар и проверен рецепт кој им помогнал на многумина – но не и на сите. Можно е да сте алергични на мед, или Вашиот организам едноставно не ги поднесува овие состојки. Во тој случај заменете ги овие напивки со некој друг чај за релаксација. Ѓумбирот се препорачува за постарите, бидејќи се верува дека тој ја подобрува цврстината на сонот. А што би се случило кога не би спиеле? Доколку не добиваме доволно количество сон или тој во целост изчезне, балансираниот ритам на нашето функционирање се нарушува и нашите физички и ментални способности сè повеќе ослабнуваат:

  • На почеток чувството на замор се зголемува, помалку сме фокусирани, нашите ментални и физички способности се успоруваат;
  • Се јавува изразена иритираност;
  • Во случај на подолг период во будна состојба, може да настапи сериозна исцрпеност.