- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Имате удобен душек, добра перница, а сепак не можете да заспиете? Можеби се соочувате со несоница за која придонесуваат повеќе фактори. Проблемот може да се реши со некои од овие начини за опуштање.
Имате удобен душек, добра перница, а сепак не можете да заспиете? Можеби се соочувате со несоница за која придонесуваат повеќе фактори. Проблемот може да се реши со некои од овие начини за опуштање.
Обидете се со мириси
Истражувањата покажале дека мирисот на лаванда помага за намалување на ефектите од несоницата. Посетете го најблискиот маркет и купете си ваков мирис.
Таблети за спиење
Мелатонинот е хормон кој ни предизвикува чувство на поспаност. Во нормални услови, мозокот е тој што излачува мелатонин во вечерните часови, но годините (како и многу други фактори) можат да предизвикаат намалување на лачењето. Во истражувањата се покажало дека таблета од 5 мг мелатонин помага во значително намалување на несоницата.
Се препорачува внимателно користење на овие таблети, особено кај лицата кои примаат лекови за разредување на крвта, кај мажите кои имаат проблеми со простатата и жените кои се обидуваат да забременат, поради можните нус-појави. Затоа, пред да се одлучите на ваков чекор, задолжително консултирајте се со матичниот лекар.
Акупунтура
Оваа кинеска вештина го подобрува сонот кај лицата со тешка и хронична несоница. Во надворешното уво постои акупунктурна точка директно поврзана со спиењето.
Фантазијата ќе ви помогне
Замислете си дека сте на некоја недогледна зелена ливата. Го чувствувате ветрот како ве гали и меката трева под стапалата. Слушајте го пеењето на птиците во далечината и уживајте во глетката. Создадете си место што ве смирува и уживајте во него. Не постои подобар начин да ги оттргнете мислите од грижите за утрешниот ден.
Слушајте музика
Повеќе медицински истражувања покажале дека тивката и смирувачка музика делува благопријатно на ублажувањето на несоницата и придонесува за подобар сон. Слушајте ја музиката што ве опушта пред спиење. Но, ако се разбудите среде ноќ, не посегнувајте по музиката. Слушајте ја во главата, додека одново не заспиете.
Напијте се чај
Иако во принцип чаевите се добри за здравјето, можат да имаат и нус-појави, како што е создавањето зависност. Затоа, одлучете се за чај од лековити билки, како на пример камилица или пак лаванда. Откако ќе се напиете чаша чај, веднаш легнете си.