- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Голем дел од луѓето со стареењето спијат сè полошо и полошо. Ако покрај тоа уште и минувате низ менопауза, можете да ги придодадете ноќните напливи на студена пот кои сигурно ќе Ве разбудат среде ноќта и ќе Ви го уништат сонот. Спротиставете се на ефектите од стареењето со овие проверени стратегии.
Голем дел од луѓето со стареењето спијат сè полошо и полошо. Ако покрај тоа уште и минувате низ менопауза, можете да ги придодадете ноќните напливи на студена пот кои сигурно ќе Ве разбудат среде ноќта и ќе Ви го уништат сонот. Спротиставете се на ефектите од стареењето со овие проверени стратегии.
Ако имате проблеми со спиењето и со часови се превртувате в кревет, тоа значи дека нешто треба да смените, бидејќи циклусот на спиење е сериозно нарушен. Ресетирајте го внатрешниот часовник со тоа што ќе си легнувате во исто време и ќе се будите во исто време секое утро, без исклучоци.
На кофеинот му се потребни околу 6 часа за целосно да се метаболизира. Доколку сте еден од луѓето кои не можат да заспијат поради кафето, тогаш последното кафе испијте го некаде околу пладне. На тој начин до времето за легнување сиот кофеин ќе помине низ Вашиот систем.
Еден од клучните фактори за добар сон е контролата на температурата во спалната соба. Таму не треба да биде ни премногу топло ни премногу студено. Оптималната температура за спиење е 20 степени, но таа може да варира за некој степен, во зависност од Вашиот организам.
Штом ќе се разбудите, отворете ги ролетните. Светлината му дава знак на мозокот дека е време за будење и што е уште подобро, значително ја зголемува концентрацијата. Ако сакате да имате продуктивен ден, не плашете се од сонцето, туку впијте ги неговите зраци.
Редовното вежбање е нешто што ќе Ви го подобри спиењето, но доколку вежбате премногу блиску до времето за легнување, можно е да имате потешкотии при заспивањето, поради забрзаниот метаболизам. Затоа е најдобро да вежбате наутро или околу пладне, за телото да има време да се врати во нормала. До вечерта ќе бидете целосно изморени и ќе заспиете без никаков проблем.