- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Сакате ли да знаете што ѕвездите ви запишале на планот на љубовта во текот на месецот што ни претстои? Прочитајте го романтичниот хороскоп за јуни.
Сакате ли да знаете што ѕвездите ви запишале на планот на љубовта во текот на месецот што ни претстои? Прочитајте го романтичниот хороскоп за јуни.
На почетокот од месецот ќе ви претсојат многу задачи во домот што ќе мора да бидат завршени. Па затоа, доколку ви е потребна романса во животот, ќе треба да најдете начин како генералката да ја претворите во „танц само за двајца“. Кон средината на месецот веќе ќе бидете преокупирани со мислите за иднината со партнерот, а на крајот на месецот ќе ги отворите картите и ќе признаете што чувствувате за него. Не се расплинувајте.
Толку добро ви оди интеракцијата со луѓето, што понекогаш заборавате како е да се помачите. Но, секоја романса бара малку мака. На почетокот од месецот може да дојде до одредени романтични несогласувања. Немојте да избегате. Кон средината на јуни веќе ќе ви биде мило што сте останале или пак на време сте ја прекинале врската. Доколку е првото, нештата тогаш ќе се интензивираат. На крајот од месецот ќе треба отворено да продискутирате за чувствата и да ги разрешите нерешените прашања.
Понекогаш ја гледате големата слика, другпат само деталите. Така ќе биде на почетокот од следниот месец. Ќе се задлабочите во деталите кај некоја личност и ќе пронајдете љубов. До средината од месецот ќе видите резултати од ненаметливата потера по потенцијалниот партнер и ќе почнете да ги жнеете плодовите од разгорената љубов. На крајот од јуни нема да ви остане ништо друго освен да уживате.
Најдобро би било да се потрудите да стапите во врска со некој што ви се допаѓа, на почетокот од месецот. Флертувајте многу! До средината од месецот ќе имате проблеми со недоволно енергија, но консултирајте се со интуицијата и ќе сфатите дали му се допаѓате и вие или не. Кон крајот на јуни ќе ги преземете нештата во свои раце и ќе ја решите романтичната ситуација во своја полза.
Секогаш чувствувате дека е подобро да создадете романтична атмосфера со ограничен буџет, отколку да се опседнувате со цената на чинење. На почетокот на месецот, поканете го партнерот на романтична вечера во домот. Ако романсата тргна во правилна насока, нештата ќе станат жешки на средината на јуни. На крајот од месецот нема да бидете многу романтични. Времето поминете го со пријателите.
Без разлика дали романсата е нова или не, почетокот на следниот месец ви носи длабоки моменти со партнерот. Кон средината на јуни ќе ви се отворат бројни можности на романтичен план, а веќе кон крајот на месецот ќе сфатите дека ништо не тргнало наопаку и всушност вашата врска е блиску до идеална.
Во првите денови од месецот ќе имате чувство дека романтиката не е за вас и нема да ви се излегува со ниту една нова личност во животот. Одморете. Средината на јуни ќе биде плодна почва за романса и некој, сосема неочекувано ќе ја врати насмевката на вашето лице. Без разлика како ќе заврши таа приказна, на крајот од месецот повторно малку забавете. Подоцна ќе сфатите дека сте направиле вистински потег.
Без да се помачите, на почетокот од следниот месец ќе дознаете дека слатката личност што ја меркате, многу веројатно ве сака вас. Преземете нешто околу тоа. Кон средината на јуни, дотогашното уживање ќе се претвори во серија проблеми и ќе мора да се помачите за да го средите емотивниот живот. На крајот од месецот ќе сфатите дека блискоста бара отвореност. Ако успешно се справите со проблемите, веројатно ќе започнете подготовки за патување со партнерот.
Почетокот на јуни ќе го дочекате прилично фокусирани на работата. Па така, доколку сте во врска, вашиот партнер може да се иритира од ваквото однесување и недоволното посветено внимание. Но затоа, како што ќе наближува средината на месецот ќе станувате подружељубиви и далеку поенергични. Разликата ќе биде забележителна. Ако сте соочени со љубовни проблеми, решете ги пред крајот на месецот, бидејќи тогаш ви претстои хаос на повеќе полиња.
На почетокот од јуни ќе се чувствувате осамено и ќе се прашувате каде се сите нормални луѓе. Како што ќе се наближува средината од месецот, полека ќе започнете со визуелизација на совршениот партнер. Ќе се изненадите колку брзо таа визуелизација може да стане реалност. Кон крајот на месецот ќе сфатите дека недоволната комуникација со партнерот не само што ве штити од повредување, туку ве спречува да се вљубите.
На почетокот од месецот ќе бидете толку преокупирани со работата, што веројатно нема да забележите дека некој се обидува да ви го привлече вниманието. Наместо да се поставувате дефанзивно, обидете се да го поканите на кафе. Кон средината на јуни или ќе се предадете на емоциите што таа личност ги предизвикува кај вас или пак ќе ви стане неудобно. Крајот на месецот е резервиран за компромиси и работа. Романсата ќе почека.
Често ви се случува да бидете обземени од желбата да бидете запознаени со сите факти, што заборавате да се препуштите на романсата. Секако, фактите се важни, но на почетокот од јуни опуштете се и потпрете се на вербата, кога станува збор за личноста што ви се допаѓа. Кон средината на месецот треба цврсто да застанете на своите граници. Приближно тогаш ќе ја пронајдете посакуваната љубов.