КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Најчестите дилеми за спиењето

Како што е случај со многу други теми, така и за спиењето постојат бројни дилеми и исто толку дезинформации. Ви ги пренесуваме најчестите дилеми и нивните одговори, од експертите во оваа област.

Како што е случај со многу други теми, така и за спиењето постојат бројни дилеми и исто толку дезинформации. Ви ги пренесуваме најчестите дилеми и нивните одговори, од експертите во оваа област. Која храна треба да се избегнува пред спиење за максимално освежување?

Треба да се избегнуваат големите оброци, најмалку три часа пред спиење. Можете да внесете полесни ужинки (јаглехидрати и протеини) еден час пред да си легнете. Но, избегнувајте тешка, мрсна и зачинета храна. Дали е подобро да се будите секој ден во исто време или да си поспиете ако сте легнале подоцна?

Оптимално е да се држите до истиот распоред на легнување и станување секој ден. Ако навистина сте останале премонгу доцна претходната вечер, поспијте еден час повеќе, но гледајте тоа да не ви стане навика. Дали гушкањето влијае негативно на спиењето?

Ако се будите со добро чувство, тогаш веројатно не. Доколку вашиот партнер многу се поместува во текот на ноќта, тоа може да влијае негативно. Како новите мајки да поспијат повеќе?

Сосема е нормално новороденчињата често да се будат. Затоа, спијте кога бебето спие. Дали спиењето може да се надополни за време на викендот или мора постојано да се спие добро?

Можете да надополните малку, но не толку колку што жртвувате во текот на работната недела. Всушност, тоа може да ги влоши нештата, затоа што на почетокот од следната работна недела ќе ви биде уште потешко да се разбудите. Кога е најдоброто време за вежбање, за сигурен и добар сон?

Најдоброто време за вежбање, доколку вежбате попладне, е 5 часа пред легнувањето. Колку е лошо спиењето со вклучен телевизор?

Не е идеално. Ако веќе имате потешкотии при спиењето, вревата од телевизорот може лесно да ви го наруши сонот, а светлината, исто така, може да предизвика полесно спиење и почесто будење и при најмали звуци. Кои се штетните ефекти од недоволно спиење?

Недоволното спиење предизвикува проблеми со концентрацијата, меморијата, телесната тежина и моторните способности. На подолг рок, постои можност од зголемување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања.