- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Главоболките се чест проблем за голем број луѓе, а многупати тие прераснуваат и во мигрени, и покрај редовното земање лекарства против главоболки...
Главоболките се чест проблем за голем број луѓе, а многупати тие прераснуваат и во мигрени, и покрај редовното земање лекарства против главоболки. Доколку не знаете како да се справите со зачестените главоболки, можеби треба да се обидете со овие домашни лекови. Рибино масло Во едно медицинско истражување било докажано дека секојдневното земање капсули со рибино масло, ги намалило главоболките кај пациентите кои страдале од мигрена, во поголем процент отколку кај оние на кои им било давано плацебо.
Причината за ова не се докрај откриени, но претпоставката оди во насока на благопријатните ефекти на омега-3 масните киселини кои се наоѓаат во составот на рибиното масло. Истиот ефект може да се постигне и со конзумирање околу 50 грама помасна риба (лосос). Ѓумбир Миризливата билка содржи супстанца наречена тромбоксан А2, која помага во раширувањето на крвните садови и осигурува рамномерен проток на крвта, со што се спречува појавата на мигрени. Можете да изреднате свеж ѓумбир кога си подготвувате свежо цеден сок и да го измешате во чашата или пак да го користите како зачин во готвење. Молив Понекогаш кога сте нервозни, несвесно започнувате да ги стегате забите, по што, набргу доаѓа до главоболка од притисокот. Затоа, земете молив и ставете го меѓу забите, но не загризувајте. За да го одржите моливот помеѓу забите ќе треба да ги опуштите мускулите од долната вилица и за брзо време ќе се намали притисокот, а со тоа и главоболката. Магнезиум Магнезиумот ги релаксира мускулите и крвните садови, со што спречува главоболки настанати како последица на зголемен крвен притисок. Земајте таблети со 200 до 400 милиграми магнезиум, но не каков било магнезиум – проверете дали тие таблети содржат најмалку 200 милиграми активен елементарен магнезиум.
Имајте на ум дека магнезиумот повеќе функционира како превентивно средство, отколку како лек, па затоа користете го за главоболки кои можете да ги предвидите – како на пример предменструалните главоболки. Во тој период, земајте по една таблета со магнезиум дневно и ситуацијата значително ќе Ви се подобри.