- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Долгите викенд-забави, дружењето со пријателите и излетите ви носат многу алкохол. За жал, конзумирање алкохол има една многу незгодна последица – следното утро се чувствувате како да ве прегазил воз. Што можете да направите за да ви биде подобро?
Долгите викенд-забави, дружењето со пријателите и излетите ви носат многу алкохол. За жал, конзумирање алкохол има една многу незгодна последица – следното утро се чувствувате како да ве прегазил воз. Што можете да направите за да ви биде подобро?
Чоколадото се чини дека е магична супстанца која решава многу проблеми, па зошто не и мамурлакот? Можете да го јадете „живо“, но и во форма на чоколадно млеко, во зависност од тоа што ви звучи подобро во моментот. Ако ништо друго, високата доза шеќер во чоколадото ќе ви даде доволно енергија за утринската хигиена, пред да се вратите во кревет и да го отспиете остатоткот од денот.
Сокот напревен од 100% овошје е уште еден класичен лек за мамурлак. Со него добивате доволно течности за да се справите со дехидрацијата, соодветна количина витамини за телото да може да закрепне и доволно шеќер за да добиете поттик на енергија. Дополнително, вкусот на свежо овошје ќе направи да заборавите на мирисот на алкохол, што во моментот ви создава мачнина.
Обилниот оброк барем за нијанса ќе ги намали последиците од претераниот внес на алкохол. Добро е да вечерате пред да си легнете, иако оптимално е да имате обилна вечера пред да заминете на забавата, за да бидете барем малку заштитени од ефектите на алкохолот. Откако ќе отспиете, утрото треба да го започнете со уште еден оброк и многу вода, за алкохолот побргу да се исфрли од организмот.
Витаминот Ц е исклучително корисен за телото во секоја ситуација. Доколку сте соочени со мамурлак, тогаш ви е попотребен од кога било. За најдобар и најбрз ефект, земете витамин Ц во форма на таблети или пијалак.
Огромен број луѓе се убедени дека утринскиот секс, по вечерта со тешко пијанство може значително да ги ублажи ефектите од алкохолот. Дури и да не е така, со сексот немате што да изгубите.