- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Сте знаеле ли дека постојат периоди од денот кои се најпогодни за одредена активност? Експертите ни откриваат кое време од денот е најдобро за дремка, за вежбање, за барање на покачување на платата...
Мултивитаминските додатоци е најдобро да се земаат заедно со појадокот, бидејќи витамините се дел од храната, па така, без разлика дали се работи за витамини кои се раствараат во вода или во масти, тие секако подобро ќе се апсорбираат ако ги внесете заедно со својот појадок.
Најдоброто време за посета на лекар е помеѓу 8 и 9 часот, односно помеѓу 13 и 14 часот. Ако закажете преглед рано наутро, ќе чекате многу помалку. Што е уште поважно, лекарите се многу посвежи наутро и веднаш по ручекот. Тогаш можат да ви го посветат полното внимание.
Оптимално време за дремка е периодот помеѓу 13 и 14.30 часот. Порано докторите сметале дека желбата за попладневна дремка се должи на ручекот, но денес знаеме дека во текот на овој период доаѓа до пад на телесната температура, што предизвикува поспаност. Ако имате можност да поспиете од 20 минути до еден час, тогаш ќе се разбудите освежени, со подобрена концентрација и зголемено ниво на продуктивност.
Ако чувате куче, треба да го шетате во периодото помеѓу 20 и 21 часот. Вие можеби го гледате овој процес како шанса да се раздвижите, но кучето го гледа како социјален живот. Навечер, вие ќе имате повеќе време да се прошетате, а вашиот миленик ќе може да ужива во потивката атмосфера која не може да ја добие наутро.
Фитнес експертите велат дека најдобро време за кардио вежби е периодот помеѓу 17 и 18 часот. Вежбајќи во овој период повеќе влијаете врз зголемување на кондицијата, ги намалувате шансите за повреда и позитивно влијаете на циклусот на спиење.
Апсолутно најдобро време да побарате покачување на платата е 17 часот. Клучот е во тоа да пронајдете време кога вашиот шеф не е под притисок од рокови и обврски и ќе има време да ве сослуша. Непосредно пред крајот на работното време, шефот е најопуштен и поради тоа, ако барате покачување, ова е вистинското време.
Ако чистите попладне (околу 16 часот), многу е поверојатно дека ќе го правите тоа со поголема концентрација и во далеку подобро расположение. Ова е периодот кога сте најопуштени, но многу поважно, тогаш координацијата помеѓу рацете и очите го достигнува врвот.
Ако учите за испит или пак се подготвувате за важна презентација, најдобро време да го направите тоа 8 часот, кога задржувате најголем дел од брзо внесените информации. Доколку пак читате подолг материјал, тогаш оптимално време е 22 часот, кога мозокот е многу поорганизиран.