КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

На вашиот мозок му е неопходна тишина

Како што животот полека станува сè похаотичен, ви останува сè помалку време да седите и да не правите ништо, иако огромен број докази посочуваат дека мозокот има огромна корист од паузите во кои може да се консолидираат податоците.

Како што животот полека станува сè похаотичен, ви останува сè помалку време да седите и да не правите ништо, иако огромен број докази посочуваат дека мозокот има огромна корист од паузите во кои може да се консолидираат податоците.

Кога се одмара, нашиот мозок всушност е доста активен – единствената разлика е во тоа што користи различни невроканали од вообичаеното. Каналите што се користат при одмор можат да ви помогнат да ги развиете вештините на размислување, да станете почувствителни и да го одржат доброто ментално здравје.

Изострете го размислувањето

Читањето книги, помнењето информации, правењето тестови – сите овие активности бараат активно да се фокусирате. Можеби мислите дека режимот на одмарање на мозокот е ирелевантен за ваквите задачи, но тоа едноставно не е точно. Последните истражувања велат дека најголемата разлика помеѓу мозоците на луѓето со висок коефициент на интелигенција и оние со просечна не е во активната работа, туку во работата на мозкот кога „тој е исклучен“.

Подобро чувство за опкружувањето

Кога вниманието ви е свртено кон светот, примате многу социјални и емоционални информации. Но, што тоа значи за вас? Монасите, филозофите и психоаналитичарите долги години тврдат дека интроспекцијата помага за разбирање на социјалните и емоционалните искуства. Сега и науката го потврди овој факт. Кога е во режим на одмарање, мозокот не ги процесира податоците за непосредните социјални и емоционални случувања, туку размислува за поапстрактни поими сврзани со нив, за вредностите, разбирањето, моралните импликации итн., а во исто време и фантазира за иднината.

Станете почувствителни

На долг рок, апстрактното размислување може да ви помогне подобро да ги разберете луѓето околу вас. А, кога подобри ќе ги разберете, тогаш ќе станете многу почувствителни.

Заштитете го менталното здравје

Здравиот баланс помеѓу режимот на одмарање и активниот режим е клучен за одржување на менталното здравје. Кај луѓето со аутизам, на пример, било откриено дека постојат слаби врски во рамките на каналите што се користат при режимот на одмарање. Тоа значи дека тие луѓе имаат ниска свесност за социјалните и емоцијалните случувања околу нив. Различните видови недостатоци предизвикуваат и различни ментални нарушувања. На некои од нив директно влијаеме и ние, особено ако сме свесни дека постои дисбаланс. Затоа, за подобро ментално здравје, не работете постојано – понекогаш едноставно седнете, одморете и не правете ништо.