КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

4 необични начини за подобрување на спиењето

Сте ги презеле сите препорачани чекори за подобрување на спиењето, но ништо не Ви помага? Тогаш можеби е време да се обидете со неколку неконвенционални начини на коишто можете да дојдете до подобар сон.

Сте ги презеле сите препорачани чекори за подобрување на спиењето, но ништо не Ви помага? Тогаш можеби е време да се обидете со неколку неконвенционални начини на коишто можете да дојдете до подобар сон.

1. Симулација на самрак

Клучниот хормон за квалитетно спиење е мелатонинот. Но, мелатонинот се излачува во темнина, а вештачката светлина од сите уреди со коишто сме опкружени го пореметува овој природен процес. За да симулирате зајдисонце и да го подготвите организмот за спиење, во кој било дел од вечерта, започнете полека да ги намалувате светилките на час-два пред легнувањето. Ако не можете да го избегнете користењето на компјутерот пред легнување, намалете ја светлоста на мониторот во последниот час.

2. Очекувајте го будењето

Најважното нешто за будењето и утринската енергија се хормоните за будност, како што е кортисол. Неговото излачување е клучно за заокружување на циклусот на спиење. Но, доколку Вашето тело е програмирано да се разбуди во 9 часот, а будилникот се вклучува во 6, тогаш ќе го испуштите позитивното дејство на кортисолот. Затоа, со текот на времето, треба да работите на воспоставување на постојан ритам на будење, со тоа што свесно ќе го очекувате точното време на будење. По одреден период, ќе се будите сами, без помош од будилник.

3. Утринска светлина

Сте знаеле ли дека сончевата светлина е најздрава наутро? Секако, здравата изложеност на сончева светлина има позитивни влијанија врз човечкиот организам во кој било дел од денот, но наутро, покрај сите други ефекти, сончевата светлина помага во регулација на биоритамот. Најголем дел од модерните луѓе се обидуваат да создадат ден во траење од 25 часа, останувајќи будни сè подоцна, секоја вечер, што го прави будењето сè потешко. Утринската сончева светлина е оптимална за ресетирање на внатрешниот часовник.

4. Разбудете се со еуфорична музика

Иритирачкиот звук од будилникот не е убав начин за отпочнување на денот. Многу попријатно би било будењето со музика што го подигнува расположението. Еуфоричната музика веднаш по будењето предизвикува позитивни емоции и оневозможува појава на негативните. Тоа е одличен почеток на денот. Дополнително, ако ја подесите гласноста правилно, музиката ќе Ве разбуди на крајот од циклусот на спиење, што е правилен начин за будење.