КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Најдобриот состав на еден душек

До кој степен материјалите кои се користат за изработка на душекот може да влијаат на квалитетот на нашиот сон? Кои материјали се најнежни кога станува збор за нашето тело? Колку е важна селекцијата на материјали кои се најблиску до нашата кожа, на пример чаршафи, ќебиња и навлаки за перници?

Материјалот мора да дише

Кога станува збор за квалитетот на спиењето, важен фактор е изборот на материјали кои се користат за изработка на душеците.

Во моментов на пазарот има широка селекција на модерни, здрави и еколошки материјали и квалитетна ткаенина. Соодветно одбран душек, кој е изработен од пена или латекс и се приспособува на контурите на телото ќе му даде одлична поддршка на вашиот ‘рбет и колкови и ќе ги намали болките кои се предизвикани од несоодветната поддршка на половината и зглобовите.

Проблемите со циркулацијата, болките во рамената или колковите може да се намалат со соодветен душек изработен од екстремно еластична пена, која совршено се прилагодува на екстремитетите и не создава никаков повратен притисок. Ова ќе ви помогне полесно да заспиете и ќе имате чувство дека спиете на облаци.

Правилен избор на материјали

Душек кој изгледа добро однадвор не е доволен за добар сон. Многу е важно надворешниот дел да биде изработен од вистинските материјали. Ние поминуваме една третина од нашиот живот во спиење и затоа е многу важно душекот секогаш да биде чист и удобен.

Материјалите кои се користат треба да бидат долготрајни, анти-бактериски и еколошки. Тие мора да ја спречат појавата на штетни организми, како и влага, непријатни миризби и статички електрицитет, прекумерно потење и сл. што резултира со појава на различни честички од прав.

Луѓето кои имаат проблеми со алергии треба да обрнат посебно внимание на изборот на материјали и да одберат антистатички и анти-бактериски материјали, како што се карбонот и среброто.

Сребрените влакна ја спречуваат појавата на непријатни миризби, додека карбонските влакна се лесни и цврсти. Ако се потите во текот на ноќта, тогаш треба да одберете материјали кои ефективно делуваат против топлината и влажноста.

Влакната од целулоза се еколошки и се екстремно меки и ефективни кога станува збор за топлината и влажноста.

Природни влакна

Тие се најсоодветните материјали кои ги задоволуваат најстрогите еколошки и здравствени стандарди и исто така имаат дополнителни карактеристики за да ви обезбедат мирен и удобен сон.

Природните бамбусови и соини влакна се неверојатно меки – многу помеки од памукот. Тие се меки на допир, имаат анти-бактериска заштита и се одлични спроводници на топлина. Како дополнување може да одберете некои од различните влакна од целулоза.

Влакната од целулоза се еколошки, екстремно меки на допир и имаат одлична терморегулација.

Меката свила и кашмирот се двата најпопулари избори. Дополнувањето од нови и свежи материјали, како што се порозните влакна, директно влијаат на влажноста и создаваат листа и проветрена средина за спиење – нудат уште поквалитетен сон.

Треба да обрнете посебно внимание на сите производи кои се во директен допир со кожата. Иако сите претпочитаме да користиме природни материјали, вештачките материјали станаа многу популарни бидејќи тие ги имаат истите карактеристики како и природните материјали, меѓу кои функционалноста, користењето и чувството кое го создаваат кога се во допир со кожата.

Размислете пред да купите

Одбирањето на нов душек не е едноставна одлука и затоа е многу важно да одвоите доволно време пред да се одлучите.

  • Запрашајте се што сакате од новиот душек.
  • Дали сте задоволни со стариот душек? Дали ви пречи стариот душек?
  • Размислете за вашите навики, желби и проблеми. Како најчесто спиете: на страна, на грб или на стомак? Дали вашиот душек ви нуди соодветна поддршка?
  • Дали често имате болки во половината или грбот? Дали навечер ве болат рамената?
  • Дали се потите и ви е топло во текот на ноќта?

• Дали сте чувствителни на честички од прав, склони на алергии или имате астма? Одговарањето на овие прашања ќе ви помогне да го одберете вистинскиот душек, кој ќе ви понуди мирен и квалитетен сон. Благодарение на материјалите и можноста да одберете еден од многуте производи и душек кој ќе одговара на вашите желби и навики.