- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Врз основ на ова додадете и колку се удобни секоја од овие позиции за вас за да ја откриете вашата идеална позиција.
Спиењето на грбот е најдобрата позиција за справување со болки. Тоа се смета за неутрална позиција со природно закосување, и тоа може да ви помогне во намалување на болките по целото тело. Тоа е најефикасно во справување со болки во грбот.
Оваа позиција не помага многу со апнеа и/или ‘рчење. Всушност ова е најлошата позиција за тие што рчат, па затоа немојте да ја практикувате ако сте познати по гласното рчење во текот на ноќта.
Ставете мека перница или ќебе завиткано во ролна под колената и истегнете ги рацете покрај вашето тело за совршена релаксација.
Ова е најдобра позиција за луѓе со апнеа и/или проблеми со рчењето бидејќи помага да дишете полесно со прилагодување на ефектот на гравитација врз дишните патишта. Таа е исто така добар избор ако имате проблеми со грбот бидејќи го отстранува притисокот од грбот. Некои истражувачи велат дека спиењето на страна ги олеснува проблемите со варењето на храната и е оптимално за бремените жени да го оптимизираат протокот на крвта кон фетусот – но само ако се спие на левата страна.
Оваа позиција може бргу да предизвика болки во рамото или кај колкот, дополнително може да предизвика бори на лицето и да предизивка градите да ослабат (после години поминати во спиење во оваа позиција, се разбира).
Префрлувајте се од една во друга позиција ако сакате да спречите несакани последици. А за жените, поставувањето мека перница за поддршка на градите не е лоша идеја...
Спиењето на стомак е исто така добро за дишењето а со тоа и за луѓето со апнеа/рчење. Многумина ја сметаат и за најудобна позиција за спиење.
Тешко е да се одржи правилна позиција на рбетот додека се спие на стомак бидејќи основата тоне подлабоко во душекот. Ова со тек на времето може да предизвика проблеми со грбот и вратот. Исто како и спиењето на страна, спиењето на стомак може да предизвика повеќе бори на лицето.
Редовно вртете го лицето од лево кон десно и обидете се да ги држите рацете истегнати од страна за да спречите болки во лактовите и рачните зглобови.
Спиењето свиткани во фетус позиција е најпопуларната позиција за спиење и тоа е така затоа што таа е супер удобна.
Ако премногу ги свиткате колената тоа ќе предизвика болка кај долниот дел од грбот. И позицијата може да создаде дополнителна топлина, притоа правејќи да биде премногу топло за некои луѓе во текот на потоплите периоди од годината.
Ставете перница меѓу колената за поздрав грб и колк за време на спиењето,
Ова е всушност модифицирана позиција од спиење на грбот (каде рацете се поставени преку главата) и тоа носи многу благодети при спиењето.
Оваа позиција става многу стрес врз вашите рамена и може да предизвика болка.
Ставете перница под колената за да направите да биде помалку напорно за долниот дел од вашето тело. И обидете се да не го удирате вашиот партнер со лактовите