КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Најлоши оброци пред спиење

Од сите нутриционистички совети што до сега сте ги прочитале, сигурно знаете дека не е добро да се јаде непосредно пред легнувањето, затоа што ќе имате проблеми со спиењето, а и Вашата диета ќе страда.

Од сите нутриционистички совети што до сега сте ги прочитале, сигурно знаете дека не е добро да се јаде непосредно пред легнувањето, затоа што ќе имате проблеми со спиењето, а и Вашата диета ќе страда. Но, дали знаете кои се најлошите оброци за пред спиење?

Најлоша вечера пред спиење

Телешки ребра 250 грама

565 калории, 33,5 грама масти (13 грама заситени). Доколку вечерате доцна, одбегнувајте масни меса, како што е телешкото. Тие побавно се варат, што значи организмот ќе мора да остане активен и нема да можете квалитетно да се одморите. Дополнително, големата доза протеини ќе го направат мозокот поактивен. Ако веќе морате да вечерате, држете се до месо од живина.

Пилешкото и мисиркиното месо имаат поголеми дози серотонин, хормон кој има клучна улога во регулирањето на спиењето. Тост со пилешко

400 калории, 15 грама масти (3 грама заситени).

Најлош десерт пред спиење

Чоколаден сладолед (една чашка)

510 калории, 31 грам масти (20 грама заситени), 40 грама шеќер. Веројатно најлошото нешто што можете да го внесете во организмот непосредно пред спиење е шеќер. Енергијата од шеќерот телото се труди да ја искористи најбргу што може, а тоа е тешко додека спиете. Па така, наместо да се искористи, таа се складира како масно ткиво.

Ако веќе морате да внесете шеќер, не одбирајте чоколаден сладолед, затоа што тој содржи кофеин. Секако, не колку во чаша кафе, меѓутоа доволно да Ви го наруши сонот, доколку Ве мачи несоница. Наместо тоа, купете си овошен јогурт со ниска масленост. Овошјето содржи доволно мелатонин, хормон кој помага во регулирањето на циклусот на спиење. Нискомастен овошен јогурт (половина чашка)

257 калории, 6 грама масти (2 грама заситени), 26 грама шеќер.

Најлош пијалак пред спиење

Црн чај со една супена лажица шеќер (250 милилитри)

70 калории, 0 грама масти, 12,5 грама шеќер. Секако, црниот чај е подобар избор за пред спиење од кафето. Дури можете да ја преполовите количината на шеќер, доколку наместо со шеќер го засладите со мед. Сепак, постојат големи шанси да се превртувате и да се мачите да заспиете час-два по легнувањето.

Ова се должи на фактот што една чаша црн чај содржи од 40 до 120 милиграми кофеин (половина од кафето). Ако сакате полесно да заспиете, напијте се чај од хибискус. Тој не содржи кофеин, природно е посладок, па ќе можете да го пиете и без шеќер, а содржи антиоксиданси кои го снижуваат крвниот притисок и ја подобруваат функцијата на имунолошкиот систем. Чај од хибискус (250 милилитри)

0 калории 0 грама масти 0 грама шеќер