КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Наполнете ги батериите

Во 2020 година нашите животи се променија преку ноќ. Бевме заклучени во карантин и под голем стрес. Поради социјалната изолација, стравот, работата од дома и грижата за домашните обврски, потоа, економската неизвесност и обидите за жонглирање со низа лични и професионални одговорности, предизвикаа зголемување на психичките состојби, како што се анксиозност, депресија, комплетна исцрпеност и посттрауматско стресно нарушување.

За да се справиме со „новата нормална состојба“, во тие денови, се свртевме кон бројни активности, како што се поздрава диета, вежбање ... но ако не спиеме квалитетно во текот на ноќта, сите работи што ги правиме во текот на денот, ќе бидат залудни . Не постои количина кафе која ќе ви помогне ниту пак диета или вежба кои ќе ви го зголемат нивото на енергија на начин како што тоа го прави квалитетениот сон.

Помислете на себеси како на мобилен телефон. Ако батеријата на телефонот не се полни, тој не работи правилно... неговиот екран станува потемен, функционирањето е нарушено или побавно, апликациите не работат. Истото се случува и со вас кога сте со „потрошена батерија“. Затоа, како што секоја вечер го полните вашиот телефон, на ист начин треба, секоја вечер, да ја полните и вашата „батерија“, за да функционирате правилно и да бидете здрави. Спиењето е вашиот полнач!

Затоа и темата „Полнење на батериите“ ја избравме како носечка тема на годинешниот, петти по ред, Дормео ден на спиењето, кој ќе го прославиме на 19 март. Ја подигнуваме свеста за тоа колку е важен здравиот сон и ги охрабруваме луѓето да ги полнат своите „батерии“ во текот на ноќта, за да можат да бидат комплетно функционални во текот на денот.

Спиењето ги ,,полни” умот и телото

Спиењето е една од најважните работи што можеме да ги направиме за нашето здравје и благосостојба. Го намалува лачењето на кортизол, хормонот на стрес во нашето тело, го стимулира ослободувањето на хормоните за раст, кои се одговорни за квалитетот на нашите коски, го стимулира создавањето на црвените крвни клетки и им овозможува на ткивата побрзо, сами да заздравуваат. За време на спиењето, бубрезите, белите дробови и црниот дроб се детоксифицираат, а кожата повторно се хидрира. Спиењето му овозможува на имунолошкиот систем, првата линија во одбрана на нашето тело од вируси и бактерии, да функционира правилно. Понатаму, спиењето влијае на креативноста, меморијата и решавањето проблеми. Тоа помага да ги организираме нашите мисли во кохерентни структури и ни овозможува брз ,,пристап” до информациите во нашиот ум. Списокот на придобивки е долг, но накратко ... спиењето нè штити и ни нуди прибежиште од надворешниот свет и ги лекува нашите тела и умови.

Кога станува збор за спиење, важно е да се нагласи дека и квалитетот и квантитетот се подеднакво важни. Може да спиете и десет часа, но ако квалитетот на спиењето е слаб нема да се чувствувате одморени . Секој час поминат во кревет треба да биде час потрошен за квалитетен сон и за одмор.

Дормео Ден на спиењето

На 19 март 2021 година, го славиме Дормео Денот на спиењето. Секоја година ја подигнуваме свеста за важноста на сонот врз здравјето, благосостојбата и животот. Оваа година,посебно во овие бурни времиња, нашата мисија станува уште поважна. Бидејќи иако луѓето се опремени да се справат со краткотрајно изложување на стрес, долгорочното изложување може да има катастрофални последици. Токму затоа креираме ефикасни решенија, а спиењето е решение со врвен приоритет за сите.

Ние, во Дормео, сме посветени на дизајнирање производи кои обезбедуваат и квантитет и квалитет на сонот, што ги надополнува вашето тело и ум. Ако повторно се вратиме на метафората со мобилниот телефон, спиењето е слично на полнењето на батеријата на телефонот. На мобилниот телефон му треба време да се наполни и му треба квалитетен полнач, дизајниран за тој конкретен модел. Токму затоа сме посветени на дизајнирање ,,полначи” за вашето здравје и благосостојба: душеци, перници, јоргани, постелнина и  ... сè што ви е потребно, за подобрување на квалитетот на вашиот сон секоја вечер.

Секоја година, по повод Дормео Денот на спиењето, развиваме по еден сосема нов и иновативен производ. За оваа година тоа е јорганот Dormeo Comfy Relax, кој, како што кажува и неговото име, е неверојатно мек и удобен. Полнењето на јорганот е направено од нови Wellsleep® напредни мемо-еластични влакна, кои се меки и комплетно се прилагодуваат на вашето тело. Dormeo Comfy Relax јорганот ви нуди ,,прегратка” на мекост и удобност, мир и релаксација... едноставно јорган дизајниран да ги ,,наполни” вашите батерии. Дополнително, обезбедивме големи попусти на нашите душеци, перници, јоргани и други производи, со цел да обезбедиме целосно ,,полнење” на вашите батерии.

Дормео, како експертски бренд за спиење, им помага на луѓето да спијат квалитетно скоро 20 години. Тимот кој стои зад овој неверојатен бренд е посветен на обезбедување на квалитетни производи, развиени и тестирани според највисоките стандарди. Квалитетното спиење ги ,,полни” сите нивоа на вашето битие - телото, умот и душата.