- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Во периодот кога деновите стануваат покуси, а вечерите постудени, сè повеќе луѓе стануваат жртви на настинките карактеристични за преодите помеѓу годишните времиња. Прочитајте што треба да направите за да се заштитите.
Физичката активност ја подобрува циркулацијата на крвта и ја одржува добрата состојба на имунолошкиот систем, за да има енергија да им се спротистави на инфекциите. Редовното вежбање исто така предизвикува жед и прави да пиете многу вода, што дополнително го прочистува организмот од токсини. Со тоа, имунолошкиот систем станува уште посилен.
Еден од најчестите начини за ширење на вирусите на настинката и грипот е преку директен контакт со инфициран човек или пак преку допир на телефон, далечински управувач или тастатура на кои претходно некој кивнал. Мијте ги рацете со сапун, тријте ги добро една од друга и дајте си доволно време за оваа постапка да го има посакуваниот ефект – да ги разгради и отстрани бацилите кои можеби се налепиле на дланките.
Ако сте свесни дека не внесувате доволно хранливи материи преку исхраната, за да ја одржите правилната функција на имунолошкиот систем, едноставно мора да земате мултивитамински додатоци.
Очите лесно апсорбираат вирални честички. Доколку некој заразен Ви кивне в лице, многу е голема веројатноста дека ќе го префатите вирусот. Очилата, без разлика дали се со диоптер или за сонце, ги намалуваат шансите за директен контакт на очите со честичките.