- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Доколку сите останати негативни здравствени импликации од недоволното спиење не Ве убедиле да ги смените навиките поврзани со сонот, тогаш размислете за оваа - постои директна врска помеѓу недостигот на сон и зголемувањето на апетитот.
Доколку сите останати негативни здравствени импликации од недоволното спиење не Ве убедиле да ги смените навиките поврзани со сонот, тогаш размислете за оваа - постои директна врска помеѓу недостигот на сон и зголемувањето на апетитот. Во едно испитување за поврзаноста на недостигот од сон и зголемувањето на телесната тежина, во кое учествувале 13 мажи и 13 жени на возраст помеѓу 30 и 45 години, било откриено дека постои директна врска помеѓу двата феномена. Откако спиењето им било ограничено на само 4 часа по ноќ, учесниците во студијата, следниот ден внесувале по 329 калории повеќе од нивната вообичаена диета. Ова секако се должи на пореметувањето во биохемиските процеси кои се регулирани од спиењето, како и од намалената моќ на расудување. Она што е интересно е дека мажите во просек помалку го зголемиле внесот на калории отколку жените („само“ 263 калории повеќе од вообичаеното), а на сите учесници омилена храна во периодот на скусено спиење им била брзата храна која изобилува со маснотии и протеини. Научниците кои го спровеле истражувањето велат дека со такво темпо, за една година, секој би напластил приближно 15 килограми масни наслаги на себе. Пред да биде спроведена оваа студија, неколку непосредно поврзани студии веќе предупредија дека недостигот на сон значително го зголемува ризикот од зголемување на телесната тежина, а со оваа студија се заокружи заклучокот, со точни и прецизни бројки. Ниту еден од учесниците во студијата немал прекумерно зголемена телесна тежина и сите биле во релативно добра здравствена состојба.